ПОВЕЌЕ

    Нетрговски трансферирани 1.955 акции на Макпетрол, Телеком и Алкалоид

    Време зa читање: 2 минути

    Седум нетрговски трансфери били реализирани во текот на минатата недела. Подарени или наследени се 1.955 акции на три друштва што котираат на Македонска берза.

    Вкупно 186 акции издадени од Макпетрол АД Скопје се трансферирани во три наврати: 10 во понеделник, 50 во вторник и 126 во четврток. Просечната цена на оваа акција е 110.022,76 денари, а произлезена е од последното тргување на 30 јануари. Во изминатите 52 недели забележани се 1.220 берзански трансакции со истргувани 4.453 акции и промет од 503.850.869 денари.

    Според податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, вторник и четврток биле деновите кога се извршени преносите на акциите на Македонски Телеком АД Скопје – 526 и 725 обични акции. Нивната просечна цена е 420 денари, со последно тргување исто така на 30 јануари. А, билансот од претходните 52 недели е 671 берзанска трансакција со 164.487 акции и промет од 72.208.372 денари.

    Во претпоследниот и последниот работен ден од минатата седмица се забележани нетрговски трансфери со 433, односно со 85 обични акции издадени од Алкалоид АД Скопје. И со нив се тргувало во петокот, при што просечната вредност е 25.187,85 денари. Исходот од последните 52 недели е промет од 1.121.173.098 денари, остварен низ 4.136 трансакции со истргувани 41.862 акции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично