
Емилија Стојанова Ивановска е нов член на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје. Именувана е и за генерален директор за управување со ризици. Одлуката на Надзорниот одбор е потврдена со добиената согласност од Извршниот одбор на Народната банка.
Стојанова Ивановска веќе две децении е дел од тимот на Стопанска банка Скопје, а 15 години работата ја извршувала од разни менаџерски позиции. Професионално е насочена кон управувањето со кредитниот ризик, управување со квалитет на кредитното портфолио и наплата, како и управување со ликвидносните и пазарните ризици. Во текот на кариерата предводела низа клучни проекти во таа област.
Таа е доктор на економски науки со специјалност во управување со кредитен ризик со примена на економетрија и статистички методи и модели.
„Со ова назначување, Стопанска банка АД – Скопје ја зацврстува својата заложба за силно корпоративно управување, стабилен систем за управување со ризици и примена на највисоките стандарди во работењето“, посочуваат од Банката.
Аналитика








