Акции на четри друштва што котираат на Македонска берза се забележани во нетрговските трансфери реализирани минатата недела. Регистрирани се 636 обични акции.
Работната седмица почнала и завршила со хартиите од вредност на скопски Алкалоид. Во понеделникот биле трансферирани 200, а во четвртокот 5 акции. Просечна цена, произлезена од последното тргување на 16 јануари, изнесува 25.987денари.
Сопственоста е сменета кај 393 обични акции на Гранит АД Скопје. Нивната просечна вредност е 1.580 денари.
Трансферирани се и 30 акции на Раде Кончар-Апаратна техника, чијшто просек е 2.435 денари. На Берзата, со овие акции последен пат се тргувало на осми месецов.
Статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност во вторникот го регистрирала само трансферот на 8 акции издадени од Комерцијална банка. Акцијата со просек од 27.733 денари е најтргуваната на официјалниот пазар.
Аналитика








