ПОВЕЌЕ

    Телефон што се прилагодува на деловниот ден: како Galaxy Z серијата ги учи вашите навики

    Време зa читање: 5 минути

    Идејата за телефон што се прилагодува на ритамот на денот долго време звучеше како амбиција, а не како реалност. Со Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7, таа идеја станува конкретно, секојдневно искуство. Наместо вие да се приспособувате на уредот, Galaxy Z серијата учи од вашите навики – кога започнува работниот ден, колку често се проверуваат пораки, кога следуваат состаноци, а кога е потребен фокус или пауза.

    Благодарение на напредната Galaxy AI технологија, уредите со тек на време почнуваат да ги предвидуваат потребите на корисникот. Се нудат релевантни кратенки, се оптимизира потрошувачката на батерија според дневниот распоред, се прилагодуваат известувањата и начинот на користење на екранот. Резултатот е уред што не е само паметен, туку и интуитивен – технологија што работи во корист на продуктивноста, без да го одвлекува вниманието.

    Galaxy Z Flip7: деловен ден, прикажан на прв поглед

    Galaxy Z Flip7 е дизајниран како уред што реагира брзо и ефикасно на динамиката на денот. Проширениот FlexWindow надворешен екран од 4,1 инчи овозможува голем дел од секојдневните активности да се завршат без отворање на телефонот – значајна предност за професионалци во постојано движење.

    Тука особено се истакнува функцијата Now Brief, која преку Galaxy AI прикажува неделен и дневен преглед: временска прогноза, активности, потсетници, па дури и лични „мали победи“ од изминатите денови. Наместо постојано отворање апликации, корисникот добива јасна слика за денот со еден поглед.

    Како што поминува времето, користењето на Flip7 станува природно – надворешниот екран служи за брзи проверки и одлуки, додека внатрешниот екран се користи кога има простор за подлабок фокус, за содржини, комуникација или фотографија. Батеријата е оптимизирана за ваков ритам, овозможувајќи уредот да го следи целиот ден без постојано полнење. Притоа, редизајнираниот надворешен екран со најтенки рамки досега и компактната форма го позиционираат Flip7 и како модерен деловен аксесоар.

    Galaxy Z Fold7: голем екран што го следи начинот на работа

    За професионалци чиј ден е исполнет со е-пошта, документи, табели, состаноци и паралелна работа во повеќе апликации, Galaxy Z Fold7 нуди значајна предност. Големиот преклопен екран, во комбинација со One UI 8, создава работна околина оптимизирана за мултитаскинг.

    Една од клучните функции е Browsing Summary, која овозможува брз преглед и резиме на содржината што се чита – особено корисно при анализа на долги извештаи, статии или деловни материјали. Galaxy AI помага побрзо да се дојде до суштината, додека големиот екран овозможува повеќе прозорци да бидат отворени истовремено, без чувство на пренатрупаност.

    Fold7 се прилагодува и на начинот на кој корисниците ги обработуваат своите содржини. Со алатки како Photo Assist и Generative Edit, уредувањето фотографии станува поинтуитивно и поефикасно – со можност за споредба на оригиналната и изменетата верзија паралелно. Со текот на времето, уредот се вклопува во личниот стил на работа и креативност.

    Заедничка вредност: Galaxy AI како дискретен деловен асистент

    И Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7 имаат заедничка суштина – Galaxy AI од новата генерација, кој не се наметнува, туку тивко обезбедува релевантни информации и алатки во вистинскиот момент. Кај Flip7 тоа е преку прегледите на FlexWindow и Now Brief, додека кај Fold7 преку големиот екран, One UI 8 и интелигентните функции за мултитаскинг и анализа.

    Дополнителна вредност претставува и вклучениот бонус од Google AI Pro со 2 TB простор за складирање, што ја заокружува понудата и ја претвора Galaxy Z серијата во целосен дигитален екосистем.

    Повеќе од уред – паметен партнер во секојдневието

    Со текот на времето, корисниците сè помалку ги доживуваат Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7 како обични уреди, а сè повеќе како паметни партнери. Уреди што точно знаат кога е потребен јасен преглед на денот, кога е време за максимална продуктивност, а кога за кратка пауза и фокус на себе. Наместо да бараат од корисниците да ги менуваат своите навики, Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7 тивко и интелигентно се прилагодуваат на нив – токму она што модерниот деловен свет го очекува од технологијата денес. А со апликацијата Try Galaxy, ова искуство може да се доживее уште сега, директно на уредот што го користите во моментов, пред да ја донесете конечната одлука.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично