ПОВЕЌЕ

    Подарени 5.701 акција: Макстил и Гранит со најголеми нетрговски трансфери

    Време зa читање: 2 минути

    Во нетрговските трансфери релизирани во текот на минатата недела застапени се 14 друштва што котираат на Македонска берза со 5.701 акција. Сите се обични, а најголемиот дел од нив се подарени во првиот и последниот работен ден – 2.096, односно 2.355 акции.

    Тој ден се регистрирани првите од вкупно 1.477 акции со знакот на Макстил – 542 на број. Вториот трансфер на 268 акции е направен во средата, а третиот со 667 акции во петокот. Просечната цена им е 128,04 денари.

    Инаку, најголемиот подарок е сочинет од 1.240 обични акции на Гранит АД Скопје. Со оглед на просечната цена од 1.570,03 денари, вреди 31,6 илјади евра.

    Според бројноста следува Македонски Телеком со 838 обични акции со вкупна вредност од над шест илјади евра. Единечната цена за акција е просечни 447,22 денари.

    Акциите на Либерти АД Скопје се меѓу тие што најчесто се појавуваат во неделните статистики на Централниот депозитар за хартии од вредност. Овој пат се 786 обични акции, чија единечна цена е просечни шест денари.

    Во два наврати е извршен пренос на акции издадени од шест компании.

    Вкупно 444 се на РЖ Услуги, а трансферирани се во понеделникот 199 и во петокот 245 акции, со просечна цена од 51 денар.

    Со знакот на Алкалоид прво биле процесуирани 70 обични акции, а потоа уште 100. Вредноста, во просек, е 24.997,96 денари за акција.

    Како и во речиси сите претходни седмици, така и минатата се трансферирани акции на Уготур АД Скопје, прво 26 па 32.

    Исто така и хартиите од вредност на компаниите со предзнак РЖ: 24 и 30 на Интер-Трансшпед АД Скопје; 23 и 29 на Економика АД Скопје; 10 и 12 на Техничка контрола АД Скопје.

    Ги има во нетрговските трансфери и акциите на АрцелорМиттал (ХРМ) АД Скопје, овојпат се забележани 472 обични акции.

    Како подарок се дадени и 47 акции издадени од Раде Кончар- Апаратна техника.

    Во статистиката на ЦДХВ се и две банкарски акции: 27 на НЛБ банка и 14 на Комерцијална банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично