ПОВЕЌЕ

    Халки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар

    Време зa читање: 3 минути

    Халкбанк воведува уште еден иновативен производ – прва банкарска картичка наменета за деца на возраст од 9 до 15 години. Овој производ е креиран за специфичните потреби на децата, кој ним ќе им помогне да стекнат корисни финансиски навики, а на родителите да имаат поголема контрола врз тоа каде и колку трошат нивните деца.

    Станува збор за Mastercard Junior дебитна картичка, која е прва во земјава наменета за деца и тинејџери на возраст до 15 години. Картичката се поврзува со сметка на детето, но за сета документација, следење на трошењето и поставување ограничување на сумите за плаќање е одговорен родителот или старателот.

    „Нашата цел е на децата да им овозможиме сопствена картичка, преку која ќе стекнат чувство дека располагаат со реална сума пари. На тој начин ќе учат како одговорно да го менаџираат својот џепарлак, да вршат сигурни и безбедни плаќања и постепено да развиваат навики за штедење. Родителите, пак, имаат целосна контрола врз користењето на картичката од страна на своите деца и добиваат СМС известување за секоја нивна трансакција. Веруваме дека ова претставува иновативен и веќе нужен пристап за поттикнување финансиска писменост и одговорност кај најмладите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

    Халки картичката нуди низа поволностиповлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.

    „Со ваквиот пристап, децата се навикнуваат, изучуваат и се подготвуваат за користење на бенефициите што ги овозможува дигиталниот свет. Ова е особено важно имајќи предвид дека токму децата кои сега се на оваа возраст, се очекува да бидат идни двигатели во забрзувањето на дигитализацијата на општеството“, изјави Атила Селим, директор на Дирекцијата за дигитално банкарство во Халкбанк.

    Сите заинтересирани за новата Халки картичка, може да аплицираат во која било филијала на Халкбанк. Корисниците на првите 60 издадени Mastercard Junior дебитни картички, на подарок ќе добијат и детска алка за дигитално плаќање. Отворањето и водењето платежна сметка за малолетни лица е бесплатно, додека сите што ќе аплицираат за Халки картичка до крајот на март 2026 година, ќе бидат ослободени и од трошоците за издавање на картичката.

    Повеќе светски истражувања укажуваат дека основните знаења за парите децата ги стекнуваат до 7-годишна возраст, додека од 8 до 15 години веќе треба да научат како да управуваат со мали суми и да штедат за да можат да остварат некои цели кои бараат повеќе финансиски средства.

    Халкбанк преку повеќе различни активности работи на финансиска едукација на децата и младите. Банката го издаде првиот Буквар за финансиска писменост за деца, а организира и повеќе креативни работилници преку кои децата учат за придобивките од штедењето.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично