Пет друштва што котираат на Македонска берза и 1.581 акција издадени од нив се регистрирани во минатонеделните нетрговски трансфери. Сите подарени акции се обични.
Најголемиот дел се фармацевтски – 1.009 се на Алкалоид АД Скопје. Преносот на сопственоста е извршен во два наврати: 507 во вторникот и 502 во четвртокот. Просечната вредност за акција е 25.002,71 денар.
Во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност се и 265 обични акции на Стопанска банка АД Скопје. Според просечните 2.610,48 денари за акција, актуелната вредност на овој подарок или наследство е над 11 илјади евра.
Со знакот на Гранит АД Скопје се 150 обични акции, чијашто просечна цена е 1.550 денари, произлезена од последното тргување од 18 декември.
Трансферирани се и 100 акции издадени од Макстил АД Скопје. Имаат моментална единечна цена од 131 денар.
Последниот нетрговски трансфер минатата работна седмица е реализиран со 57 обични акции na Макпетрол АД Скопје. Имаат берзанска вредност од 115.000 денари.
Аналитика








