ПОВЕЌЕ

    СЕ РАЗГЛЕДУВА СЛОВЕНЕЧКИОТ МОДЕЛ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ – Лазар Јовевски во поткастот „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Лазар Јовевски, универзитетски професор и советник на премиерот Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите?“, открива дека постојната формула за усогласување на пензиите можеби не дава најправични резултати за сите категории пензионери.

    Тој објаснува дека се разгледуваат странски модели, меѓу кои и словенечкиот систем, каде што зголемувањата не се еднакви за сите, туку се групирани и тоа најниските пензии растат побрзо, а највисоките со помала динамика.

    Овој пристап би создавал поголема социјална правичност и би ја ублажил разликата меѓу категориите пензионери. Јовевски најавува сериозна анализа со конкретни бројки која ќе покаже дали моделот може да се примени кај нас. Сепак, вели и дека овој модел има свои недостатоци.

    „Го спомна и директорот, мислам и вие словенечкиот модел. Ако видите, таму биде 9, 7, 5. Тие што имаат најниски пензии добиваат 9% валоризација со усогласување на пензионерите. Добиваат 7 оние кои се средни, а оние со највисоки пензии добиваат зголемување од 5%.  Така е во моментот во словенечкото решение. Тоа е интересна комбинација, едно решение што можеме да го разговараме и да дискутираме. Инаку, ако одиме само на принципот на линеарно зголемување, ако продолжиме таму, ќе треба да направиме и некои други законски измени, затоа што не може само така да се опстои. Тоа што е последно, е дека од септември се продолжува, се враќа процентуалниот начин на пресметка на пензијата, но вреди и добро е што го отворив тоа, да се размислува дали процентот можеме да го согласиме за да биде правичен за сите во однос на примањата.“

    Следете не и притиснете „Subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично