ПОВЕЌЕ

    Е – Фактура: Што точно ќе се случи и како ќе функционира? – Елена Петрова во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Е – фактурата е најголемата дигитална реформа што ќе ја почувствуваат компаниите во 2026 година. Првиот човек на УЈП Елена Петрова, објаснува дека новиот систем ќе значи целосно следење на фактурите во реално време, што ќе го намали просторот за манипулации, „празни фактури“ и фиктивни трошоци. Тестирањето стартува на 1 јануари 2026 и прво ќе ги опфати најголемите компании, за да се провери дали системот стабилно функционира пред да стане задолжителен за сите. Оваа реформа ќе ја смени динамиката на книговодството, дисциплината кај фирмите и контролата од страна на УЈП. Целта е намалување на сивата економија.

    „Очекуваме на 1ви јануари, во текот на јануари да започне тестирањето на софтверот внатрешно па потоа и од страна на бизнисите… Согласно тие резултати од тестирањето, ние ќе ја предложиме точната динамика и старт на системот. Сигурно имплементацијата ќе биде фазна, нема да биде задолжителна одеднаш за сите субјекти, бидејќи ние сакаме да бидеме внимателни во тој процес, ќе биде фазна и сигурно ќе има можност и прво за доброволно користење, а потоа и за задолжително користење. Значи со почнувањето на тестирањето и со текот на тестирањето ќе дојдеме до сознание за точно определување или предложување на датуми за старт, доброволен старт, задолжителен старт и сето тоа ќе се внесе во законското решение кое треба да биде донесено.“

    Следете не и притиснете „Subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично