
Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова вели дека фискализацијата функционира, но е далеку од идеална. Иако бројот на контроли е значително зголемен, резултатите се разочарувачки. Дури 25% од контролите покажуваат неправилности. Тоа значи дека голем број субјекти сѐ уште не издаваат фискални сметки, што директно ја оштетува државата и создава нелојална конкуренција. Петрова истакнува дека ова е системски проблем кој бара нови методи на контрола, подобра дигитализација и поцврста дисциплина на терен.
„Не се само интензивираните контроли и санкциите, туку еден цел сет на мерки, од превентивни мерки, корективни мерки и на крај со репресивни мерки. Дали сте задоволни од моменталната фискализација? Кратко кажано, не можеме да бидеме задоволни, бидејќи за тоа говори фактот дека секоја четврта контрола оваа година завршува со утврдена неправилност за неиздавање на фискални сметки. И тоа треба да го гледаме и во поширок контекст..“
Следете не и притиснете „Subscribe“
Аналитика








