ПОВЕЌЕ

    Минатата недела биле подарени 5.748 обични акции

    Време зa читање: 3 минути

    Со 5.748 акции издадени од 18 друштва завршија минатонеделните нетрговски трансфери. Најбројни меѓу нив се тие на скопски Макстил, вкупно 1.652, подарени на трипати. Таков е случајот и со акциите на уште четири компании, а сето тоа се одвивало во вторник, четврток и петок.

    Првиот дел од акциите на Макстил – 547 минале во вторникот, 418 во четвртокот и 687 во петокот.    Просечната цена за акција е 130 денари, а датира од 11 месецов.

    Следат три компании со предзнакот рудници и железарница:

    Пренос на овој начин е извршен кај 608 акции на РЖ Услуги. Првиот пат 201, вториот 154 и третиот  253 обични акции. Нивната просечна вредност е 50 денари, произлезена од последното тргување на 11 ноември.

    Со знакот на РЖ Интер-Трансшпед се 75 акции. Сопственоста е сменета прво кај 25, па кај 19 и на крајот кај 31 обична акција.

    За РЖ Техничка контрола е заведено дека се процесуирани 10, 7 и 12 обични акции.

    Вкупно 79 акции се од Уготур АД Скопје: пренос на 26 во вторникот, 20 во четвртокот и 33 во петокот.

    Во неделната статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност се забележани и преноси на акции реализирани во два наврати.

    Како подарок или наследство се дадени вкупно 324 акции на Алкалоид, во четвртокот 216, а во петокот 78. Тоа е втората најтргувана акција, а просекот и е 25.692 денари.

    И најтргуваната акција на Македонска берза ја има на двапати во статистиката на ЦДХВ: прво со 33, па со уште 8 обични акции, чија просечна цена е 27.946 денари.

    Во последните два дена од работната седмица преносите се вршени и со акциите на РЖ Економика – 18 и 30.

    По еднаш се изведени траснфери на акции од 10 друштва.

    Според бројност – 766, во овој дел предничат акциите на Гранит. И на официјалниот пазар и во блок-трансакциите има голема раздвиженост во тргувањето со градежната акција, чија просечба вредност е 1.660 денари.

    Со 606 акции е застапен Либерти АД Скопје. Последното тргување било во октомври, а просечната цена е десет денари за акција.

    Подарени се и 601 обична акција од Стопанска банка Битола. Вредноста е над 30,6 илјади евра, со оглед на просечната цена за акција од 3.134 денари.

    Редовни во нетрговските трансфери се и акциите на АрцелорМиттал Скопје (ХРМ), друштвото кое е долгорочно суспендирано од котација. Овојпат се работи за 363 обични акции.

    Со по повеќе од 100 акции има уште два трансфери.

    Пренос е извршен на 267 обични акции од Македонски Телеком, чија просечна цена е 465 денари.

    Сопственоста е пренесена и кај 161 обична акција издадена од Раде Кончар-Апаратна техника. На берзата не се тргува често, има 15 трансакции во последните 52 недели, а просечната цена е 2.950 денари за акција.

    Забележани се и нетрговските трансфери со 66 обични акции на Тетекс АД Тетово, 64 на ЗК Пелагонија АД Битола, 18 на ГД-Тиквеш АД Кавадарци и 10 обични акции на Макпетрол АД Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично