ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка: СЕПА кредитните трансфери ќе се вршат преку новиот портал Интернет банка

    Време зa читање: 2 минути

    Од утре, граѓаните и компаниите што ќе ги користат услугите на Комерцијална банка за реализација на СЕПА девизните трансфери, тоа ќе можат да го сторат електронски – преку новиот портал за Интернет банка https://online.kb.mk/. Исто така и на вообичаениот начин во експозитурите и филијалите на Банката.

    Поради тоа што СЕПА плаќањата се новина која во нашата земја стартува од утре, од Комерцијална банка укажуваат на одделни битни елементи.

    Пред сѐ, трансферите се извршуваат исклучиво во евра, и тоа кон земјите членки во СЕПА географскиот регион и кон банки регистрирани за СЕПА кредитни трансфери.

    Терминскиот план за извршување на СЕПА кредитните трансфери со валута ист ден е 12 часот.

    Дали една девизна трансакција ќе се изврши како СЕПА кредитен трансфер (за плаќање кон странство и за прилив од странство) е прашање на договор меѓу партнерите во зделката.

    За СЕПА кредитните трансфери важи истата регулатива од доменот на платежните услуги и девизното работење како и за стандардните кредитни трансфери во странство што се извршуваат преку коресподентско банкарство.

    Исто така, од Комерцијална банка посебно истакнуваат дека електронските налози за девизните СЕПА кредитни трансфери не се достапни на стариот портал (banka.com.mk), туку само на новата Интернет банка. Сите кои веќе пристапувале преку тој портал, на новиот ќе можат да се најават со истото корисничко име, лозинка и УСБ дигитален сертификат.

    „Порталот banka.com.mk наскоро ќе биде деактивиран, а за да продолжите со користење на електронското банкарство со задоволство ве покануваме да се префрлите на порталот https://online.kb.mkНовата Интернет банка е со модерен изглед и напредни функционалности и Ви овозможува лесно, брзо и напредно управување и контрола на вашите лични и деловни финансии“, информираат од Комерцијална банка.

    Пристапувањето кон СЕПА за македонските граѓани и компании значи дека плаќањата ќе се вршат во евра и на сосема ист начин како и во државите од ЕУ. Значајно е што тоа обезбедува брзи, сигурни и поевтини трансфери.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично