ПОВЕЌЕ

    Цените на становите во Скопје повисоки за 22,3 насто

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во првата половина од годинава продолжил растот на станбениот квадрат во главниот град, за повеќе од 22 насто на годишна основа. Но, темпото е нешто позабавено во второто тримесечје, покажуваат податоците на Народната банка за цените на недвижностите.

    Во првиот квартал индексот на цените достигнал 173,27 поени (2010=100), што претставува годишен раст од 22,6 насто. Споредено со претходниот, поледен квартал од минатата година, регистриран е раст од 9,9 насто.

    Индексот во второто тримесечје се искачил на 184,14 поени, односно цените се за 84,14 проценти над нивото од 2010 година. Годишната стапка на пораст е 22,3 насто, а кварталната е 6,3 насто.

    Како што е наведено од Народната банка, индексот на цените на становите е изготвен врз основа на податоците кои се однесуваат на огласените станови за продажба на територија на Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично