ПОВЕЌЕ

    Во нетрговските трансфери акции на 12 компании

    Време зa читање: 2 минути

    Дванаесет компании и 1.721 акција издадени од нив се забележани во нетрговските трансфери реализирани во текот на минатата недела. Сите акции се обични.

    Активностите во овој сегмент се одвивале во четири работни денови, во кои се повторуваат преносите на акции од четири друштва, кои на Берзата се и меѓу најтргуваните.

    Пренос на сопственоста е направен кај вкупно 215 акции на Алкалоид: 185 во вторникот и 30 во средата. Просечната цена за акција е 26.000 илјади денари, ниво од крајот на минатата седмица.

    Во тие два дена, статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност ги регистрирала и трансферите на акциите од трите најголеми банки.

    Со знакот на Комерцијална банка прво биле подарени 12, а потоа 517 обични акции. Нивната последна единечна цена е 28.178,95 денари

    Податоците за Стопанска банка Скопје покажуваат 187 и 188 обични акции кои го минале процесот на нетрговските трансфери. Имаат просечна вредност од 2.805 денари за акција.

    На двапати по 3 акции од НЛБ Банка се дадени како подарок, а секоја од нив има просечна цена од 57.700 денари.

    Меѓу осумте друштва што следуваат, најбројни се акциите на Макстил АД Скопје – 415, а имаат просек од 134 денари, кој датира од минатиот четврток, кога било последното берзанско тргување.

    Во минатонеделната статистика се и 67 обични акции издадени од Окта, 34 од Раде Кончар- Апаратна техника, 20 од Уготур и 16 од Вабтек МЗТ АД Скопје. Исто така, имало нетрговски трансфери и на акции од три компании со предзнакот РЖ: 19 од Интер-Трансшпед, 18 од Економика и 7 обични акции од Техничка контрола.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично