ПОВЕЌЕ

    Мицкоски: За една година платите пораснаа за над 10,5 насто

    Време зa читање: 2 минути

    Минатиот јули беше првиот месец од оваа Влада, а за една година нето-платата е зголемена за повеќе од 10,5 насто. Никогаш не можете да бидете задоволни од висината на приходите, а секогаш како Влада треба да работиме повеќе за да обезбедиме дополнителни средства или да обезбедиме таква средина за бизнисот да се развива, за да можат работниците да добијат повисока плата, нагласи премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за последните податоци од Државниот завод за статистика за движењето на просечната плата.

    „Сите оние тези на СДСМ, дека платата не растела, дека долгот се зголемувал, дека сме ги задолжиле неродените генерации со седум милијарди и тн, полека но сигурно, како меур од сапуница, се распрснуваат. Имено, вчера Државниот завод за статистика објави податок дека и бруто и нето платата во јули е за повеќе од 10,5 насто поголема од јули 2024 година, којшто впрочем, беше и прв месец од оваа Влада“, посочи Мицкоски.

    Воедно, наведе и дека на крајот од вториот квартал за прв пат после многу време и државниот и јавниот долг се намалени, едниот за четири, другиот за 2,7 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично