ПОВЕЌЕ

    Повторно на продажба пакетот со 27 акции на ТЕ-ТО: Јавна берзанска аукција на 1 септември

    Време зa читање: 2 минути

    Големиот пакет од 27 акции на ТЕ-ТО, кој обезбедува сопственост од 10,8 проценти, одново оди на јавна берзанска аукција, закажана за први септември. Почетната цена за акција е 20.555.556 денари, односно 334,2 илјади евра и е пониска во споредба со претходно одржаните аукции. Потенцијалниот купувач за нив би требало да плати најмалку 555.000.012 денари или над девет милиони евра.

    „Ве известуваме дека на 01.09.2025 година (понеделник), на барање на членката Комерцијална банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје) од страна на продавачот Топлификација АД Скопје-во стечај ќе се понудат за продажба 27 обични акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје што претставува 10,80% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 20.555.556,00 денари по акција преку моделот сѐ или ништо“, наведено е во известувањето од Македонска берза.

    Овој пакет на ТЕ-ТО беше понуден и во јуни. Тогаш почетната цена беше 622,3 илјади евра за акција и 16,8 милиони евра за целиот пакет. Сегашната цена е пониска за 46 отсто.

    Јавни берзански аукции со акциите на ТЕ-ТО беа организирани и минатата година (на 28 и 29 февруари). Во тој обид акциите беа поделени во два пакети. Првиот со 25, вториот со две акции. Цената беше повисока: 39.871.715 денари (647 илјади евра) за акција. Во сегашната понуда, почетната цена за акција е речиси преполовена. Пониска е за 48 проценти, а во апсолутен износ за 19.316.159 денари или за 314 илјади евра.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично