ПОВЕЌЕ

    ТРАМП СЕ ЗАКАНУВА СО ТАРИФИ И ЗАБРАНА ЗА ЧИПОВИ против ЕУ поради дигиталните правила

    Време зa читање: 2 минути

    Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе „значителни дополнителни царини“ и ќе го прекине извозот на технологија и чипови кон земјите што имаат дигитални правила кои, според него, ги дискриминираат американските компании. Во објава на Truth Social тој порача дека сите земји со дигитални даноци, закони или регулативи мора да ги укинат таквите мерки, во спротивно ќе се соочат со високи тарифи за извоз во САД и ограничувања за пристап до американската високо заштитена технологија.

    Администрацијата на Трамп и дел од сојузниците во технолошкиот сектор со месеци го критикуваат Законот за дигитални услуги на ЕУ, нарекувајќи го „орвеловски“ и обвинувајќи го Брисел за цензура. Владата на САД тврди дека регулативата ќе создаде дополнителни трошоци за американските компании. Законот се однесува на онлајн платформи, е-трговија и пребарувачи, а за најголемите – како „Фејсбук“ и „Инстаграм“ на „Мета“, „ТикТок“ и „Икс“ – пропишува обврска да проценат и да ги намалат ризиците од дезинформации и содржини штетни за малолетници.

    Ројтерс објави дека Вашингтон разгледува и санкции во форма на визни ограничувања за претставници на ЕУ, наведувајќи дека минатата недела биле одржани интерни состаноци на оваа тема, иако засега нема конечна одлука. Портпарол на американскиот Стејт департмент за Политико изјави дека со голема загриженост го следат зголемувањето на цензурата во Европа, но дека во овој момент немаат дополнителни информации.

    Американските републиканци, меѓу кои и потпретседателот Џ.Д. Венс, тврдат дека законот институционализира режим на цензура што ја задушува слободата на говорот. Стејт департментот веќе започна дипломатска кампања против регулативата, а во мај државниот секретар Марко Рубио воведе визни ограничувања за странски државјани обвинети дека цензурираат Американци.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично