РК Алкалоид и во својата петта година продолжува да ги следи поставените принципи. Стратегијата останува иста, а во новата сезона и фокусот ќе остане на развивањето македонски таленти и на промовирањето на македонскиот ракомет на национално и на меѓународно ниво, порачаа тие по победата.
Освојувачот на Европскиот ЕХФ куп вели дека клубот е подготвен и мотивиран за сезоната 2025/2026. „Освоените трофеи во Европскиот куп на ЕХФ и во Суперкупот на Македонија се наследство од минатата сезона и резултатска потврда дека, иако го избравме потешкиот, одиме по вистинскиот пат“, велат од РК Алкалоид. “Победите во овие две натпреварувања се и мотивирачки фактори за нови клупски успеси“.
Во претстојната европска сезона клубот ќе игра двомеч за пласман во групната фаза од Европската лига на ЕХФ, во кој ќе се сретне со германскиот РК Хановер-Бургдорф.