ПОВЕЌЕ

    Подарени 2.088 акции, најмногу од Македонски Телеком

    Време зa читање: 2 минути

    Минатата недела се реализирани 13 нетрговски трансфери со 2.088 акции. Сите се обични, а издадени се од 11 друштва. Најголемиот дел од нив – 1.690, се процесуирани во средата.

    Најбројни се акциите на Македонски Телеком. Во два наврати (165 + 773) се трансферирани 938 акции. Нивната просечна единечна цена е 440,49 денари, постигната на последното тргување од 21 овој месец.

    Чести се и берзанските трансакции и нетрговските преноси на акциите од Алкалоид. Во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност минатата недела се забележани два трансфери – со 60 и со 40 обични акции. Последната просечна вредност за акција е 26.000 денари.

    Од мај наваму нема тргување, но меѓу најредовните во овие трансфери се акциите на Либерти АД Скопје, овојпат 756. Просечната вредност им е 10 денари за акција.

    Регистрирани се и 88 обични акции на Макотекс АД Скопје. 

    Со знакот на ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово се 82 обични акции. И со нив нема многу тргувања на Берзата, 10 во последните 52 недели, а имаат просек од 200 денари за акција.

    Подарените или наследени 30 акции од Титан Усје се со просек од 43.001 денар, а нивната вкупна вредност е близу 21 илјада евра. И со оваа акција нема голем број тргувања – 14 за 52 недели, а последната била во јули.

    Во текот на претходната работна седмица трансферирани се и 25 обични акции на Уготур АД Скопје и 15 издадени од Гранит АД Скопје.

    Минатонеделната статистика ги евидентирала и речиси постојаните акции во нетрговските трансфери на компаниите со предзнак РЖ: 23 на Интер-Трансшпед, 22 на Економика и 9 на Техничка контрола.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично