ПОВЕЌЕ

    „ГЛЕЈ“ ВО ИДНИНАТА, ВЛОЖИ ДЕНЕС: Нова шанса за граѓанинот-инвеститор

    Време зa читање: 3 минути

    Зошто да се инвестира во акциите на Свод Мастер и во „Глеј“? Дали македонскиот бренд ја заслужува довербата на инвеститорите? Прашалници има многу. Едноставно, теренот за вложување е непознат – ова е првата фирма која направи смел исчекор и преку берзата побара сојузници.

    Може ли е „Глеј“ да стане исплатлива инвестиција?

    Акционерското вложување е поисплатливо од штедењето во банка, особено на долг рок, бидејќи нуди повисоки приноси и заштита од инфлација, е општото мислење на инвестициските експерти. За разлика од банкарските депозити, кои ја губат вредноста на капиталот во инфлаторни периоди, инвестициите во акции овозможуваат раст и флексибилност.

    Вложувањето на берза носи потенцијал за финансиска слобода и подобро управување со личните финансии, особено доколку се прави преку диверзифицирани портфолија и со редовни месечни вложувања. Едукацијата и развивањето на инвестициската култура се клучни за долгорочен успех.

    Пример за таков пристап е токму „Глеј“ (GLEY) – првата и единствена македонска стриминг платформа, која стана и првата IPO од дигиталниот сектор што се охрабри да излезе на Македонската берза. Наместо да се потпре на класичните извори како што се банкарските кредити, „Глеј“ избра да обезбеди средства преку иницијална јавна понуда на акции (IPO). Овој потег претставува позитивен пример за тоа како домашните компании можат да ја искористат берзата како алатка за финансирање, иновации и долгорочен успех.

    Потенцијалните инвеститори треба да знаат дека се работи за платформата  присутна во повеќе од 120 земји. Особено е значајна за дијаспората, која нема друга можност на дигиталниот простор да следи програма на мајчиниот јазик – македонски и албански.

    „Глеј“ постои четири и пол години. Засега има над 25 илјади активни месечни корисници. Целта е до 2030 година да стане доминантен видео – стриминг сервис со 250 илјади регистрирани корисници и 100 илјади активни месечни корисници.

    Платформата е во димензии кои претставуваат половина од големиот „Нетфликс“. Воедно, платформата има инсталирано над 40 илјади апликации на смарт ТВ и повеќе од 60 илјади на мобилните телефони и таблети.

    Освен тоа, „Глеј“ има визија да го вклучи и зајакне гласот на малите акционери. Во план е на првото акционерско собрание една четвртина од претставниците, односно 25 отсто, да бидат токму малите акционери – што претставува сериозен исчекор кон транспарентно и демократско корпоративно управување.

    Воедно, доколку развојот на компанијата продолжи со очекуваното темпо, до 2030 година реална е проекцијата за исплата на дивиденда од 5 проценти, што е значително повисоко од каматите на орочените депозити во банките.

    Инвестирањето во „Глеј“ не е само финансиска одлука – тоа е и своевиден патриотски чин: вложување во домашна компанија со креативна програма која е дел од секојдневието и на македонските граѓани и на дијаспората. Од една страна, тоа е поддршка за развојот на домашната продукција и дигиталната индустрија, а од друга – можност за повеќекратен финансиски поврат, преку дивиденди што ги надминуваат приносите од класичните банкарски вложувања.

    Првата иницијална јавна понуда содржи 200 илјади обични акции. Номиналната вредност е сто денари, а продажната 600 денари за акција. Вкупната продажна вредност на емисијата е 120 милиони денари, или речиси два милиони евра. Јавната понуда ќе се смета за успешна доколку во предвидениот рок – до 25 август, се запишат и уплатат најмалку 60 отсто од емисијата.

    К.М.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично