ПОВЕЌЕ

    Сигурно, фер и професионално: Супер Возач воведува нов стандард за возачки испити

    Време зa читање: 3 минути

    Над 1.500 спроведени испити за помалку од еден месец – нова ефикасност и доверба во Пелагонискиот регион

    Авто Мото Испитниот Центар „Супер Возач” за кратко време успеа да внесе нова динамика и доверба во процесот на возачките испити. За само еден месец, на територијата на СВР Битола се спроведени над 1.500 теоретски и практични испити за сите категории на моторни возила – со минимално чекање, транспарентен пристап и стручна поддршка.
     
     Со лиценца издадена од Министерството за внатрешни работи, центарот целосно ги исполнува сите законски услови предвидени со Правилникот за спроведување на возачки испити, вклучувајќи современа техничка опрема, соодветна инфраструктура и лиценциран кадар обучен според највисоки стандарди.
     
     „Најголемата промена ја чувствуваат кандидатите – денес се полага со знаење. Системот е поставен така што секој што знаење има и фер шанса да положи. Тоа е суштинска промена”, истакнуваат од менаџментот на „Супер Возач”.
     
     
    Во тимот на испитниот центар работат сообраќајни инженери, економисти, техничари и стручни инструктори, со лиценци за теорија, пракса и контрола на СИЦ. Ова гарантира доследно спроведување на испитите и висок степен на професионалност.
     
     Нов стандард на услуга
     
     Досегашните позитивни искуства на кандидатите зборуваат за суштинска промена: чекањето за испит е сведено на помалку од една седмица, а целокупниот процес е поедноставен, појасен и без непотребни административни пречки.
     
     Центарот располага со 6 пријавни пунктови, 4 автодроми за практични испити и 3 училници за теоретски испит, овозможувајќи оптимален распоред за целиот Пелагониски регион – Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.
     
     
    „Нашата цел е едноставна: да создадеме систем во кој секој кандидат ќе има доверба. Возачката дозвола мора да биде резултат на знаење и подготвеност – ништо помалку.”
     
     Бидејќи секое возење започнува со доверба – а довербата се гради со фер услови, човечки пристап и професионален систем. Тоа е патот што „Супер Возач” секојдневно го гради. За идните возачи. И за побезбедни патишта.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично