Во наредните четири години Јованка Јолеска Поповска ќе ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор на ПроКредит банка. За нејзиното реименување издадено е решение за претходна согласност од Народната банка.
ПроКредит банка ја сподели оваа информација преку Македонска берза.
Во актуелниот состав на Надзорниот одбор членови се Јованка Јолеска Поповска, Кристиан Едгардо Дагроса – претседател, Дрис Нор, Ериола Биболи и независните членови Каспар Линус Бауман и Елена Наумовска.