ПОВЕЌЕ

    Трансфери без тргување – Подарени стотици обични и приоритетни акции

    Време зa читање: 2 минути

    Намалена активност во нетрговските трансфери. Во минатонеделната статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност се евидентирани 1.238 акции. Нивниот пренос е извршен во првите три дена од седмицата. Поголемиот дел се обични, а има и приоритетни. Издадени се од пет друштва, меѓу кои две се банки.

    Во понеделникот се трансферирани вкупно 454 хартии од вредност. Од нив, 201 се приоритетни, а го носат знакот на Стопанска банка Скопје. Банката има издадено 227.444 акции од овој вид, а нивната просечна цена е 820 денари. Според податоците од Македонска берза, последното тргување се случило месецов, додека во изминатите 52 недели имало 17 купопродажни трансакции.

    Сопственоста е променета и кај 253 обични акции на Жито Лукс АД Скопје. Просечната единечна цена на оваа акција е 103 денари, а датира од тргувањето регистрирано при крајот на мај.

    Наредниот ден биле трансферирани 200 акции. Сите се на Алкалоид. Во средата повторно имало нетрговски пренос, овојпат на 100 обични акции. Нивната просечна вредност, со состојба од петокот, е 24.159,32 денари, кога е забележан дневен раст од 0,21 процент.

    Заедно со тие сто, во средата вкупно биле трансферирани 584 акции. Меѓу нив 436 се издадени од Гранит АД Скопје и тие се најбројни. Градежната акција е со просечна цена од 1.799,56 денари.

    Најтргуваната акција е и една од најредовните во нетрговските трансфери. Минатата работна седмица биле подарени 48 обични акции на Комерцијална банка, чија последна просечна вредност е 26.587,08 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично