ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка отвора врати за студентите: Платена летна пракса како инвестиција во иднината

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка ова лето им нуди одлична можност на младите и амбициозни студенти од економските науки: платена пракса и непроценливо професионално искуство во една од водечките банки во земјата.

    Програмата е наменета за студенти во завршна година од редовни студии, кои се комуникативни, љубезни, проактивни и со силна желба за учење и личен развој.

    Праксата се реализира во периодот од јули до септември 2025 година, а заинтересираните кандидати треба да испратат CV и кратко мотивациско писмо на [email protected] најдоцна до 30 јуни 2025 година.

    „Сакаме да им понудиме на студентите реално работно искуство, можност да учат од врвни професионалци и да се вклучат во современи банкарски процеси уште додека се во образовниот процес. За нас ова е инвестирање во иднината – и нивната и нашата,“ велат од Комерцијална банка.

    Со оваа иницијатива, Комерцијална банка го зајакнува својот ангажман за поддршка на младите, обезбедувајќи практична основа за развој на кариера во финансискиот сектор. Праксата е платена, што претставува дополнителна мотивација за студентите да се пријават и да го искористат летниот период на продуктивен начин.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично