Во време кога климатските промени и еколошката свест се сè поактуелни, одлуките што ги носиме како потрошувачи, и како индивидуи и како компании, имаат сè поголемо значење. Повеќе не е доволно енергијата да биде само достапна и поволна, сè почесто се поставува прашањето: Од каде доаѓа енергијата што ја користиме и какви последици има нејзиното производство врз животната средина?
Компанијата ЕДС, како дел од најголемата европска енергетска групација во Југоисточна Европа, се позиционира како лидер во снабдувањето со зелена енергија – електрична енергија добиена исклучиво од обновливи извори. Оваа ориентација е јасна заложба за еколошки одговорен развој и поддршка на глобалната енергетска транзиција.
„Повеќе не е доволно да нудите само стабилна испорака и поволна цена. Потрошувачите сè повеќе прашуваат од каде доаѓа енергијата – дали ја уништува природата или ја штити?“ – велат од ЕДС.
Секој клиент на ЕДС кој избира зелено снабдување добива официјален Сертификат за потекло на енергијата, кој потврдува дека електричната енергија што се користи е произведена од обновливи извори, согласно европските стандарди. Овие сертификати се од особено значење за извозно ориентираните компании, кои треба да ги исполнуваат ESG критериумите (еколошки, социјални и управувачки) во своето деловно работење.
ЕДС активно соработува со корпоративни клиенти на развојот на концептот „зелена потрошувачка“, при што сѐ поголем број компании веќе се снабдуваат со 100% електрична енергија од обновливи извори. Изборот на ваков снабдувач претставува силна порака дека компанијата е свесна за својата еколошка одговорност и сака да придонесе кон одржлива иднина.
Исто така, ваквиот избор станува сѐ поважен и за домаќинствата и јавните институции. Со зголемување на побарувачката за зелена енергија, директно се поттикнува изградба на нови капацитети за обновливи извори, што е клучен чекор во правец на енергетска транзиција и самостојност.
„Изборот на зелен снабдувач е порака дека профитот и одговорноста не се спротивставени, туку токму спротивното: одржливиот развој е единствениот пат напред“ – нагласуваат од ЕДС.
Сè поголем број потрошувачи го разбираат својот влијателен глас на пазарот. Избирајќи снабдувач кој нуди зелена енергија, а тие гии намалуваат емисиите на јаглерод и придонесуваат кон борбата против климатските промени, ја поттикнуваат енергетската транзиција кон обновливи извори, испраќаат јасна порака до пазарот дека одржливоста е вредност, а не само додаток, добиваат конкретен доказ за еколошката одговорност преку официјална сертификација.
Во време на глобални предизвици, овие одлуки стануваат повеќе од деловни – тие се етички, општествено одговорни и визионерски. Потрошувачите, со својот избор, можат директно да придонесат кон поздрава, почиста и поодржлива иднина за сите.