ПОВЕЌЕ

    ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД 422.258 ДЕНАРИ – и тоа го има во Македонија!

    Време зa читање: 3 минути

    Читајте квалитетна содржина на порталот ПАРИ – таму каде што информацијата вреди.

    На листата на 100 најголеми комапнии по приход во 2024 година, што ја анализираше Пари, една компанија особено се истакнува по просечните плати. Станува збор за Друштвото за трговија и снабдување на електрична енергија РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС ДООЕЛ Скопје каде што просечната плата е дури 422.258 денари!

    Рењувабал енерџи суплај (РЕС) обезбедува енергија од сопствени обновливи извори и од други регистрирани производители на енергија на пазарот.

    КАКВИ ПРИХОДИ И ДОБИВКИ СЕ ПРАВАТ СО 16 ВРАБОТЕНИ?

    Според податоците од Бизнис мрежа, оваа компанија е на 39-то место по приход, со реализрани 100 милиони евра и со добивка од 1,1 милион евра. Компанијата има 16 вработени. Лани ги зголемила платите за повеќе од 3 пати во однос на 2023 година кога просечната плата по вработен била 122.577 денари,  а тогаш имала и помалку вработени – 12.

    Просечна плата и број на вработени на Рењувабал енерџи суплај РЕС

    Извор: Бизнис мрежа

    Но, иако има значaен скок на платите, на РЕС и одело полошо во 2024  година. Тогаш добивката и се намалила за дури 72,7% во однос на 2023 година! Интерсено е што имала раст на приходите од 3,6%, но истовремено и раст на расходите од 7,2% во 2024 година во однос на 2023 година.

    Финансиски резултати на Рењувабал енерџи суплај РЕС

    Извор: Бизнис мрежа

    Кој стои зад оваа моќна компанија?

    Рењувабал енерџи суплај рес  е основана во 2021 година со основачки влог од 5.000 евра. Сегашен опственик на компанијата е бугарската компанија „Кер Токи Пауер“ АД со седиште во Софија која работи во индустријата за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија.

    Компанијата сега има 3 управители: Александар Петрески, Јури Богомилов Катанов, Љупчо Најдов. На почетокот од минатта година, поточно во февруари, од управителите бил избришан Кочо Анѓушев, познат бизнисмен од светот на енергетиката, кој беше и вицепремиер во владата во период од 2017 до 2020 година. Но, како што пишува на официјалната страница на РЕС, менаџер за продажба е синот на Кочо, 24-годишниот Огнен Анѓушев кој инаку е и моден креатот.

    Р.П

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично