ПОВЕЌЕ

    Македонска берза по петти пат се приклучи на глобалната иницијатива “Ring the Bell for Gender Equality”

    Време зa читање: 3 минути

    Темата на годинашниов „Ring the Bell for Gender Equality“, односно „Заѕвони го ѕвончето за родова еднаквост“ беше „Поддршка за правата на жените, еднаквост и инклузија“, а овој пат ѕвончето го заѕвонија неизвршните членови на Одборот на директори на Берзата Ивана Гажиќ од Загребска берза и Нина Неданоска од Шпаркасе Банка АД Скопје, заедно со Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза. Симболиката на ѕвонење на берзанското ѕвоно ја покажува посветеноста на Македонска берза да придонесе за што поголемо спроведување на принципите на еднаквост и инклузија на жените во сите општествени сфери. Видео од самиот настан ќе биде објавено дополнително.

    Во оваа прилика, Главниот извршен директор на Берзата, Иван Штериев изјави: „Оваа глобална иницијатива трае веќе една деценија. Идејата е берзите со нивната уникатна улога во финансискиот систем и јавноста да придонесат за унапредување на родовата еднаквост во деловниот свет, преку промовирање на важноста на ова прашање на најголемите акционерски друштва и воспоставување на стандарди за одговорни и за транспарентни корпоративни практики на овој план. Македонска берза ја споделува оваа визија и затоа по петти пат учествува во „Ring the Bell for Gender Equality “.

    „Прашањето за родовата еднаквост е многу важно, не само во бизнисот, туку и во сите други сфери на општествениот и политичкиот живот. Жените сочинуваат малку повеќе од половина од вкупното население, но значително помалку учествуваат во бизнисот и политиката, имаат пониска стапка на вработеност, заработуваат помалку, често се жртви на дискриминација, па и на насилство, дури и на работното место. Ваквата ситуација во модерното општество едноставно не е прифатлива. Особено, на пример, ако се земе предвид дека во Хрватска дури 61% од дипломираните студенти се жени, додека во 61% од котирани компаниите на Загрепската берза нема ниту една жена во управата. “ – изјави Ивана Гажиќ, Претседателка на Управниот одбор на Загрепската берза.

    „Родовата еднаквост не е само морална обврска, туку и суштински фактор за долгорочен економски раст и стабилност. Жените на лидерски позиции покрај тоа што носат нови перспективи и иновации, создаваат работни средини кои вреднуваат инклузивност и емпатија, што ја поттикнува продуктивноста и позитивната култура. Како лидери, мораме да се фокусираме на создавање еднакви можности за сите, без оглед на родот, и да работиме активно на разбивање на стереотипи и политики што го ограничуваат нивното напредување. Само преку инклузивност и поддршка на сите професионалци ќе изградиме силни тимови и успешно општество, а во оваа трансформација, подеднакво важни улоги имаат и мажите и жените.“ – изјави г-ѓа Нина Неданоска, Заменик Претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Ск

    Ова е единаесетта кампања на Иницијативата „Да заѕвониме за родова рамноправност“ поддржана од 123 берзи ширум светот и се реализира како партнерство помеѓу Меѓународната финансиска корпорација (IFC), Светската федерација на берзи (WFE), Иницијативата за одржливи берзи (SSE), во којашто членува и Македонска берза , Глобалниот договор на ОН, UN Women и Women in ETFs, а целта е да се промовира родовата еднаквост на пазарите на капитал.

    Во функција на зајакнување на општествената свест за постигнување на поголема родова рамноправност, Берзата и оваа година објавува ажурирана анализа за структурата на органите на управување кај котираните акционерски друштва којашто е достапна на следниов линк: https://mse.mk/mk/news/13/3/2025/gender-analysis-of-the-management-bodies-of-joint-stock-companies-listed-on-the-macedonian-stock-exchange-for-2024

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично