ПОВЕЌЕ

    „М.Г. Фешн“ со предлог за нов состав на Надзорниот одбор на „Македонијатурист“

    Време зa читање: 2 минути

    Леонид Антиќ, Стефан Спировски, Костадин Саздовски и Сашо Данаиловски се предложени од „М.Г. Фешн“ за нови членови на Надзорниот одбор на „Македонијатурист“. Предлогот од фирмата која поседува 50.912 акции, односно 11,26 проценти и е еден од мнозинските акционери, ќе се разгледува на вонредното Собрание закажано за 17 февруари.

    „Овој предлог е изготвен врз основа на нивното долгогодишно искуство и значајниот придонес во работењето на повеќе успешни правни субјекти“, наведува предлагачот.

    Акционерите на увид ги имаат и биографиите на предложените – млади, школувани, со стекнати вештини, на високи деловни позиции…

    Леонид Антиќ, кој во Холандија ги завршил студиите за Интернационална бизнис администрација е оперативен менаџер во Гранд Скопје, МГ Фешн и член на Управниот одбор на Фешн Груп Македонија. Во фирмите на Зоран Антиќ, во јавноста познат како бизнисменот вклучен во изградбата на трите висококатници наспроти хотелот „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје.

    Стефан Спировски e brand engagement lead или бренд промотер на Филип Морис. Дипломирал на Економскиот факултет при УКИМ.

    Магистерот по машински науки Костадин Саздовски е оперативен менаџер во МГ Фешн. Има претходно искуство во неколку компании, меѓу кои и Балкан Енерџи.

    За независен член е предложен Сашо Данаиловски со диплома од Градежниот факултет. Последниве години е комерцијален директор на градежната компанија Ривер Девелопмент.

    Воедно, се предлага и одлука, според која на избраните им се доверува шестгодишен мандат. Со надомест во висина на две просечни месечни нето плати за претседателоот на НО, а по една за членовите. И за независниот член – во висина на 90 отсто од просечната месечна нето плата исплатена во последните три месеци во Друштвото.

    Сѐ уште актуелниот Надзорен одбор го сочинуваат Доне Таневски, Верица Хаџивасилева Марковска, Владо Богдановски и Ѓорѓи Јанчевски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично