 ЈЗУ Општа болница во Велес доби преносен ехо апарат, подарок од КБ Инвест. Ехо апаратот ќе го користат лекарите за апликација на периферни блокови при ортопедски операции и нивно попрецизно изведување, намалување на болката и побрзо оздравување на пациентите, што е и крајната цел на професионалците од велешката болница.

КБ Инвест, во рамките на својата општествена одговорност и припадност спрема заедницата, секоја година обезбедува подароци, таму кај што се најпотребни. Ехо апаратот е последен во низата, а од КБ Инвест искажуваат искрена благодарност за топлиот прием во Општа болница Велес и се радуваат на насмевките на оздравените пациенти.
Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови постои од 2009 година, а делува во насока на остварување долгорочна одржлива профитабилност на инвеститорите во фондовите и акционерите на Друштвото, преку обезбедување современа и високо професионална услуга во процесот на управување со средствата на клиентите.
 Аналитика
 Аналитика