Samsung Electronics објави дека ја проширува својата напредна технологија на екрани на поширок опсег апарати за домаќинство, што претставува храбар чекор напред во реализирањето на својата визија „Екрани насекаде“. Оваа година, Samsung го унапредува искуството во кујната со лансирање на фрижидер со нов 9-инчен AI Home екран и додавање на 7-инчниот AI Home[1] екран на ѕидната рерна[2]. Опциите за екрани се прошируваат и за корисниците во категоријата за перење, со примената на 7-инчниот AI Home на Bespoke AI Laundry Combo™, кој сега се вклучува и во новата Bespoke AI™ машина за перење и сушење. Samsung ќе ги претстави овие нови производи на претстојниот саем CES 2025.
„Го водиме развојот на апарати со екрани за да го унапредиме искуството на нашите корисници со иновативни функции и функционалности,“ изјави Џеонг Сеунг Мун (Jeong Seung Moon), извршен потпретседател и раководител на тимот за истражување и развој во секторот за дигитални апарати во Samsung Electronics. „Покрај напорите за зголемување на употребливоста, ние ги прошируваме и опциите за корисниците со развој на екрани од различни големини и производи кои ефикасно ги инкорпорираат истите.“
Диверзификација на Bespoke фрижидерите со нов, компактен екран и подобрени функции
Нудејќи разновиден избор на производи со различни големини на екрани, Samsung има за цел да ја подобри употребливоста за корисниците, додека истовремено ја реализира визијата за меѓусебно поврзан паметен дом. Поддржувајќи ја гласовна контрола преку Bixby[3], екраните на апаратите на Samsung прикажуваат основни информации за задачите, како што се внатрешната температура или информациите за циклусот на перење, на интуитивен и лесен начин. Дополнително, функцијата Map View претставува клучна разлика, овозможувајќи екраните да функционираат како поедноставени и практични контролни центри, преку кои корисниците можат да ги следат и контролираат своите поврзани апарати[4] од еден екран. Конечно, екраните нудат различни забавни содржини преку интернет врска, зголемувајќи ја улогата на апаратите за домаќинство во домашно опкружување[5].
Во кујната, за да ги надополни фрижидерите со веќе достапните 21.5” и 32” Family Hub[6], Samsung го претставува Bespoke фрижидерот со 9-инчен AI Home, кој е наменет за корисници што ги бараат напредните функции на Family Hub, но во покомпактна големина. Зајакнувајќи ја улогата како контролен центар, надградената функција Map View им овозможува на корисниците да избираат режими за поврзани уреди4, како што е клима-уредот и робот-правосмукалката[7] директно од почетниот екран. Дополнително, 9-инчниот AI Home функционира и како центар за контрола на уреди од трети страни, компатибилни со SmartThings, како што се паметни светилки и паметни приклучоци[8]. Покрај овие функционалности, корисниците имаат беспрекорен пристап до опции како SmartThings Energy и вградени забавни содржини.
Проширување на опциите за екрани во различни категории на производи
Како дел од проширувањето на достапноста на AI Home екраните кај производите за перење, Samsung го претставува 7-инчниот AI Home екран на Bespoke AI Laundry Combo™ во новата Bespoke AI™ машина за перење и сушење. Овој екран го прави перењето поефикасно и поудобно со интуитивна навигација низ менито, ажурирања во реално време на циклусите на перење и мониторинг на потрошувачката на енергија. Овие подобрувања, заедно со корисните функции како споменатата Map View, го збогатуваат секојдневното искуство со апаратите. На одредени пазари, Bespoke AI Laundry Combo™, исто така, се претставува со покомпактен 4.3-инчен екран[9]. Со додавањето на AI Home во поширока линија производи и усвојувањето на екрани со различни големини, Samsung продолжува да ги проширува опциите и изборите за различните потреби на потрошувачите.
7-инчниот „AI Home“ екран е сега достапен и кај апаратите за готвење бидејќи Bespoke ѕидната рерна на пазарот во Северна Америка сега има 7-инчен AI Home екран овозможен со Smart Forward ажурирање преку мрежа (OTN) на првично едноставниот 7-инчен интерактивен LCD екран[10]. Надградената рерна, која ја доби престижната награда CES® 2025 Innovation Awards, сега нуди подобрени функции за препорака[11] на рецепти и поврзување, што ја прави вистински AI Home апарат. Функцијата AI Pro Cooking™, која првично препознаваше состојки и препорачуваше рецепти за 80 менија за готвење, сега е надградена со функцијата „Customized Cook“, која им овозможува на корисниците да додаваат рецепти што често ги користат[12]. Екранот прикажува известувања[13] што ги поттикнуваат корисниците да ги зачуваат поставките на рерната за често користени рецепти, што исто така може да се направи рачно по секоја употреба. Исто така, додадени се клучните апликации на AI Home, како што се Map View, Gallery и Weather, овозможувајќи ѕидната рерна да функционира и како центар за паметен дом и извор на забава. Оваа надградба го модернизира корисничкиот интерфејс и ја усогласува рерната со поширокиот паметен екосистем на Samsung.
[1] „AI Home“ се однесува на 7-инчен или 9-инчен LCD екран на производот. Ова не значи дека сите услуги достапни на AI Home користат AI или генерираат информации или резултати користејќи AI. Одредени функции достапни преку AI Home користат алгоритми базирани на AI, кои може периодично да се ажурираат за подобрување на прецизноста. Алгоритмите базирани на AI може да генерираат нецелосни или неточни информации..
[2] Препораките за рецепти и Bixby достапни преку AI Home користат AI (врз основа на модели за длабоко учење, кои може периодично да се ажурираат за подобрување на прецизноста). Можете да пристапите до вашите препораки за рецепти преку услугата „Food“ во SmartThings апликацијата во менито на AI Home. Потребна е Wi-Fi врска и Samsung сметка. Може да ви биде потребен дополнителен уред, како лаптоп, десктоп или мобилен уред, за да креирате/се најавите на Samsung сметка за да ги користите функциите достапни на AI Home и мрежно-базираните услуги, кои вклучуваат апликации и други паметни функции достапни преку вашиот уред.
[3] Bixby е брендот на Samsung за гласовен асистент за Интернет на нештата (IoT). Достапноста на услугата Bixby може да варира во зависност од земјата. Bixby препознава одредени акценти и дијалекти на следниве јазици: англиски (Велика Британија, САД, Индија), француски (Франција), германски (Германија), италијански (Италија), корејски (Јужна Кореја), мандарински кинески (Кина), шпански (Шпанија и Латинска Америка), португалски (Бразил).
[4] Применливо за апарати поврзани со SmartThings апликацијата која е достапна на Android и iOS уреди. Потребна е Wi-Fi врска и Samsung сметка.
[5] За телефонски повици преку SmartThings е потребна најава со истата сметка како и на мобилниот телефон.
[6] Family Hub е достапен во различни големини во зависност од регионот и проектот.
[7] Map View поддржува промени на режимите на одредени фрижидери, вински ладилници, роботи-правосмукалки и клима уреди со Wi-Fi.
[8] Потребна е Wi-Fi врска и Samsung сметка..
[9] Bespoke AI Laundry Combo™ со 4.3” LCD екран ќе биде лансиран во Индија, Мексико, Колумбија, Чиле, Перу, Аргентина, Панама, Хондурас, Ел Салвадор, Костарика, Доминиканска Република и Парагвај. Карактеристиките обезбедени преку 4.3” екранот не се идентични со Bespoke AI Laundry Combo™ со 7” AI Home.
[10] Ажурирањето Smart Forward е достапно на NV51C700*****
[11] Препораките за рецепти користат AI (базирана на модели на длабоко учење, кои периодично може да се ажурираат за подобрување на точноста). За да пристапите до вашите AI препораки за рецепти, кликнете на услугата „Food“ во SmartThings апликацијата во AI Home менито. Потребни се Wi-Fi врска и Samsung сметка. Можеби ќе треба да користите посебен уред, како вашиот лаптоп/десктоп или мобилен уред, за да креирате/се најавите на Samsung сметка. Ако одберете да не се најавите, нема да можете да ги користите достапните функции на AI Home, како услугите на SmartThings апликацијата.
[12] Функцијата Customized Cook е достапна на NV51C700***** од март 2025 година. Корисниците можат да зачуваат до 30 рецепти..
[13] Се појавува известување откако рецептот ќе биде подготвен 5 пати со ист режим на готвење, температура и време, на шестиот пат при внесување на состојките за рецептот.
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.