„Еден милион садници за пет години“ е нова еколошка акција на Халк Банка, со која е предвидено до 2029 година да бидат засадени еден милион дрва на територијата на целата држава како придонес на банката за подобрување на животната средина, поттикнување на колективната свест и обезбедување на почист воздух за сегашните и за идните генерации.
Акцијата на денешната прес-конференција ја најави Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје, кој истакна дека основна цел на иницијативата е создавање поодржлива, позелена и поздрава Македонија. Тој посочи дека преку платформата ХалкЕко досега се реализирани повеќе акции низ различни општини во кои беа засадени над 60.000 садници. Овие дрвја веќе почнаа да го даваат својот придонес бидејќи секое дрво апсорбира приближно 22 килограми јаглерод диоксид годишно и ослободува кислород доволен за двајца луѓе. Банката реализираше и низа други активности, во кои најде поддршка и од партнерот Мастеркард, за уредување на урбани корнери, реновирање на мостови во градски парк, оддржување на еко спортски трки во трчање и велосипедизам, едукации и работилници.
Банката веќе потпиша договор со ЈП „Македонски шуми“ за спонзорство, кое предвидува во следните пет години да се засадат 1.000.000 садници низ територијата на целата земја. Во текот на годинава ќе бидат засадени 20.000 садници, а од 2025 година, динамиката ќе се зголеми со засадување по околу 250.000 садници годишно, со што до 2029 година ќе се постигне целта од еден милион садници.
Преку платформата ХалкЕко досега се реализирани повеќе акции низ различни општини во кои беа засадени над 60.000 садници. Овие дрвја, беше речено, веќе почнале да го даваат својот придонес бидејќи секое дрво апсорбира приближно 22 килограми јаглерод диоксид годишно и ослободува кислород доволен за двајца луѓе. Банката реализираше и низа други активности, во кои најде поддршка и од партнерот Мастеркард, за уредување на урбани корнери, реновирање на мостови во градски парк, оддржување на еко спортски трки во трчање и велосипедизам, едукации и работилници.
„Нашите шуми се нашето наследство, но и наша одговорност. Да ја прифатиме оваа можност за промена. Да бидеме генерацијата која ќе остави трага – не само на зборови, туку и на дела“, рече Суџубаши.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, истакна дека шумите обезбедуваат стабилност на почвата, задржуваат влага и претставуваат природна заштита од ерозија и дека засадувањето на нови дрвја се заштитуваат овие витални ресурси и се обезбедуваат подобри услови за земјоделско производство, особено во региони погодени од климатски екстреми како суши. Трипуновски, исто така, ги повика граѓаните, компаниите и институциите во државата да се инспирираат од овој позитивен пример и да се приклучат во вакви иницијативи.
„Како Министерство за животна средина, наша основна цел е решавање на најгорливите еколошки проблеми. Проблемот со загадувањето, посебно на воздухот, веќе подолго време ја загрозува благосостојбата на нашите граѓани. Засадувањето дрвја е еден од најефикасните начини за ублажување на загадувањето. Дрвјата не само што го апсорбираат јаглерод диоксидот, туку ја намалуваат концентрацијата на ПМ честички во воздухот, произведуваат кислород и создаваат природни бариери од прашина и други штетни материи. Овој проект, кога ќе биде реализиран, ќе го намали загадувањето во регионите каде што е најкритично“, истакна Лашкоска.
Директорот на ЈП Македонски шуми Здравко Трајановски, потенцираше дека Халкбанк преку својата платформа ХалкЕко докажа дека приватниот сектор може да биде моќен двигател на општествена промена и дека ваквите партнерства меѓу јавниот и приватниот сектор се суштински за вистински промени во заштитата на животната средина. Тој изрази надеж дека еден ден локациите кадешто ќе се садат дрвјата ќе добијат име „Халк шума“.
„Еден милион садници значат многу повеќе од зголемување на шумските површини. Тие претставуваат директен придонес за намалување на јаглеродните емисии, подобрување на квалитетот на воздухот, заштита на почвата од ерозија и зачувување на биодиверзитетот. Секое ново засадено дрво е симбол на враќање на природната рамнотежа и создавање поздрава животна средина за сегашните и идните генерации“, рече Трајановски.
Од Халкбанк најавија дека покрај пошумувањето, банката ќе продолжи да спроведува и други еколошки иницијативи во насока на поддршка на животната средина и локалната заедница.