ПОВЕЌЕ

    Нова дневна доза блокови: Продадени уште 4.036 акции на „Македонијатурист“

    Време зa читање: 2 минути

    За пет блок-трансакции со акции на „Македонијатурист“ информира денес Македонска берза. Единечната цена е 11.100 денари. За 4.036 акции платени се 44.799.600 денари или 728,4 илјади евра. Оваа количина обезбедува 0,89 проценти од почетниот капитал на компанијата.

    Во првиот блок е извршена купопродажба на 846 обични акции, кои носат 0,19% сопственост. Чинат 9.390.600 денари (152,7 илјади евра).

    Вредност од 6.660.000 денари (108,3 илјади евра) има следниот блок. Содржи 600 акции, кои во структурата зафаќаат 0,13%.

    За 647 хартии од вредност и 0,14% од основната главнина, во третиот блок се одвоени 7.181.700 денари, што е противвредност на 116,7 илјади евра.

    Понатаму, за 0,21% сопственост, односно за 949 акции се платени 10.533.900 денари. Во евра –  171,3 илјади.

    Најголема е вредноста на последната блок-трансакција. Износот е 11.033.400 денари или 179,4 илјади евра, кои се дадени во замена за 994 обични акции и за удел од 0,22%.

    За потсетување, вчера македонска берза информираше за 13 блок-трансакции, преку кои е извршена купопродажба на 46.835 акции, вредни 9,6 милиони евра. А, цената за акција се движеше од 9.500 до 11.100 денари, колку што е денешната.

    Инаку, само во овие два дена се продадени 50.871 акција за над 10,3 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично