ПОВЕЌЕ

    Нетрговски преноси на акции од едни-исти издавачи

    Време зa читање: 2 минути

    Акции на 15 компании и на две банки се евидентирани во минатонеделните нетрговски трансфери. Вкупно 4.769, во најголем дел обични, а има и приоритетни. Преноси имало во сите работни денови, најмногу во понеделникот, 1.846. Забележливи се и повеќе повторувања, односно хартиите од вредност на одделни издавачи се трансферирани во два или три наврати.

    Во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност е влезено дека на трипати се трансферирани акции на четири компании.

    Се работи за „Македонијатурист“ со вкупно 398 акции (302, па 1 и на крајот 95). Потоа, за „Уготур“ со 29, 13 и 30 обични акции.

    Исто така, тука се и две РЖ компании: „Техничка контрола“ со 1.165, 5 и 4, или се заедно 1.174 обични акции; а „Интер-Трансшпед“ – 27, 12 и 28 обични акции.

    Во два наврати се подарувани или добиени како наследство хартите од вредност на  Комерцијална банка, прво 202, а потоа 46. Кај акциите на „Алкалоид“ се забележани 11, па 55 обични акции, а кај „Македонски телеком“ – 58 и 656 обични акции. РЖ „Економика“ е застапена со 12 и со 26 обични акции.

    Податоците објавени на Македонска берза покажуваат дека по еднаш имало нетрговски трансфери со акции од девет компании и една банка.

    Тука се забележани 52 обични акции на тетовски „Тетекс“, 527 на „Гранит“, 382 на „Либерти“, 97 на РЖ „Услуги“, 60 на битолскиот ЗК „Пелагонија“. Следуваат „Тутунски комбинат“ Прилеп со 130 обични акции, „Макстил“ со 264, „АрцелорМиттал“ (ХРМ) со 229, „Окта“ со 87 и „Макпетрол“ со 24 обични акции. и

    Како подарок, наследство или за некоја друга законски предвидена намена, нетрговски се трансфрирани и 140 приоритетни акции на Стопанска банка Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично