Поранешниот национален координатор за регионална соработка и европски интеграции во владата на СДСМ и ДУИ Нола Исмајлоска Старова, која сега е на позицијата претставник на Српската стопанска комора во Македонија, очекува дека наскоро ќе се интензивира и така добрата економска соработка меѓу двете земји. Таа во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, истакна дека се можни нови, зголемени инвестиции на српски фирми во Македонија, но и дека се отвораат нови можности за македонските компании за настап на српскиот пазар, но и за заедничка соработка во третио земји.
„Самата одлука на Стопанската комора на Србија да има претставник кај нас покажува дека има сериозни намери и потреби на бизнисите од Србија. Првично за тие што се присутни на македонскиот пазар, за нивното функционирање, за тековни прашања, за некои идеи можеби, за македонскиот пазар има доста идеи за меѓусебна соработка, но веќе има и сериозни компании коишто се заинтересирани за нови инвестиции кај нас. Ги споделивме првичните информации, услови коишто ги нудиме како држава. Ова е се уште на почеток да кажам, но имавме неколку состаноци, изработивме многу анализи и нивната идеја и желба на самиот претседател, на УО и на другите соработници е да поставиме пример за регионална соработка. “
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот ЈуТјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.