ПОВЕЌЕ

    ПАРИ ДОЗНАВА: „Современ дом“ и „Скопски пазар“ добија 44.449 акции на „Македонијатурист“, а фондовите на Сава пензиско 7,33 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    „Современ дом“ и „Скопски пазар“ се сопственици на големиот пакет со 44.449 акции на „Македонијатурист“, кој беше ставен на јавна берзанска аукција. Во сопственичката структура стекнаа удел од 9,83 отсто. За тоа се платени 7,33 милиони евра. Пари кои одат на сметките на членовите на фондовите со кои управува Сава пензиско друштво. Тоа се засега непотврдените новости. А, според официјалните податоци, за секоја акција се платени по 10.150 денари или вкупно 451.157.350 денари.

    Ко-сопственикот на пакетот – „Современ дом“ АД Прилеп на Ацо Дудулоски се занимава со издавање објекти под закуп на производни и на трговски компании. На крајот од третото тримесечје има добивка од 12.123 илјади денари, или 197 илјади евра.

    Што се однесува до хотелско-угостителската компанија за која има огромен интерес, сега силите, се чини, превагнуваат на една страна. Како потсетување, „Современ дом“ и ЗСФ-КОМ се во бизнис релации. Во 2021 година со здружени сили го презедоа „Скопски пазар“.

    Доне Таневски, кој со децении е челник на хотелско-угостителската компанија, и натаму ги има своите 17,72 проценти. Тој е претседател на Надзорниот одбор, а неговата ќерка Мирјана Таневска е претседател на Управниот одбор. Откако почна акционерската битка за превласт во „Македонијатурист“ се слушаат и прогнозите дека позициите на Таневски толку ќе ослабат, што ќе нема кому да ги продаде акциите што ќе му преостанат.

    Јавната аукција се одржа вчера според моделот “се или ништо”. Ја иницираше „Еурохаус“ како членка на Македонска берза.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично