ПОВЕЌЕ

    Енергетско партнерство за сигурност и одржливост во регионот: Македонија и Косово потпишаа Меморандум за соработка

    Време зa читање: 2 минути

    Македонската и косовската влада одржаа заедничка меѓувладина седница во Приштина по која се потпишаа протоколи и меморандуми за соработка.

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Македонија и Министерството за економија на Република Косово, потпишаа Меморандум со кој се поставуваат темелите за интензивирање на билатералната соработка во енергетскиот сектор. На потпишувањето присуствуваа и премиерите на двете земји, Христијан Мицкоски и Албин Курти.

    Меморандумот го истакнува заедничкиот интерес на двете земји за развој на стратешко партнерство во енергетиката преку усогласени политики и активности кои ќе придонесат за економски раст, енергетска сигурност и рационално користење на природните ресурси.

    Со потпишувањето на овој документ, Македонија и Косово се обврзаа да соработуваат на повеќе клучни области, вклучувајќи:

    • Промоција на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.
    • Размена на експертиза и информации меѓу јавните компании.
    • Развој на инфраструктурни проекти од заеднички интерес.
    • Истражување на можностите за размена на електрична енергија и ресурси.

    „Со овој меморандум ги зајакнуваме не само нашите енергетски системи, туку и нашата визија за стабилен, одржлив и поврзан регион. Уверени сме дека оваа соработка ќе донесе значителни придобивки за двете земји и ќе послужи како пример за партнерство во Југоисточна Европа.“, истакна Министерката Сања Божиновска.

    Меморандумот ја нагласува важноста на енергетската транзиција и неопходноста од заеднички напори за одговор на глобалните енергетски предизвици, особено во контекст на климатските промени и енергетската криза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично