ПОВЕЌЕ

    Штедењето обезбедува стабилна финансиска иднина и во нестабилни економски услови

    Време зa читање: 11 минути

    Интервју со Спасијка Ефтимоска, Самостоен координатор за односи за јавност и член на Координативното тело за општествена одговорност на Комерцијална банка АД Скопје, за Независен весник.мк

    Финансиската писменост сѐ повеќе добива на значење кај нас и во светот, особено во услови на инфлација, на сѐ поголемото навлегување на дигитализацијата и дигиталните услуги во нашето секојдневие, но и со зачестените измами преку разни примамливи финансиски шеми кои што ветуваат брзо оплодување на парите, и најновото – можностите кои што ги нуди вештачката интелигенција. Ова беа и причините зошто овој октомври, месецот на штедењето и на Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, акцентот го ставаме на неопходноста од поголема финансиска писменост на населението со цел да се донесуваат правилни финансиски одлуки. Наш соговорник е Спасијка Ефтимоска, Самостоен координатор за односи со јавност и член на Координативното тело за општествена одговорност на Комерцијална банка, една од најреномираните банки кај нас со долга традиција во финансиското описменување на граѓаните уште од најмали нозе и која е лидер во воведувањето новини во своето работење.

    Г-ѓо Ефтимоска, октомври е месец на штедењето и традиционално се одбележува преку 31 Октомври – Светскиот ден на штедењето. Сепак, последниве години акцент се става и на финансиската писменост. Зошто финансиската писменост е важна за граѓаните, за банките и за целото општество?

    Затоа што сите имаме иста цел, а тоа е финансиска благосостојба на секој граѓанин. Во денешниот свет на изразито комплексни финансиски пазари и бројни економски предизвици луѓето имаат потреба од паметни финансиски одлуки. Штедењето како добра пракса им дава одлична основа за безбедна и здрава финансиска иднина. Но, таа зависи и од начинот на кој ќе ги користат бројните можности што им ги нуди финансискиот свет.

    Финансиската писменост им помага на луѓето да ги препознаат тие можности, да ги разберат ризиците и да направат избор што ќе ја зголеми нивната благосостојба. Финансиски писмените луѓе имаат широка палета на алатки што ги користат секојдневно за ефикасно да управуваат со личните и со бизнис финансиите.

    Во целиот овој амбиент штедењето има круцијална улога и значење затоа што за некој да почне да ги оплодува средствата, прво треба да ги заштеди. Штедењето е основа на сечија финансиска стабилност и сигурност. Заштедените средства на секого му даваат слобода да носи важни животни одлуки без финансиски притисок.

    Затоа секоја година особено му се радуваме на октомври како на месец на штедење и имаме низа активности со кои штедењето го доближуваме до граѓаните и ги учиме децата од најрана возраст да ги разберат улогата на парите и значењето на штедењето.

     

    Комерцијална банка посветува многу внимание на финансиската писменост преку повеќе активности, но и преку производот „Верверичка“, кој ги стимулира најмладите да го запознаат штедењето. Колку „Верверичка“, како еден од најстарите производи кај нас, придонесува најмладите да создадат навики за штедење, но и да стекнат пошироки сознанија за областа на финансиите?

    На секој родител му треба помошник во градењето здрава иднина за своите деца и на секое дете му треба учител за да продолжи по патот по кој го насочиле родителите. Во овој процес како најголема банка и столб на довербата на штедачите во земјава ние ја препознавме нашата обврска да придонесуваме штедењето да стане важна финансиска навика на децата и вредност во општеството што ќе создаде бенефит за многу граѓани.

    Во таа наша мисија „Верверичката“ има исклучително важна улога и задача затоа што не е само синоним за штедење, туку и омилен лик на децата и на родителите. Во „Верверичката“ тие препознаваат пријател што ги учи да бидат трпеливи, истрајни и вешти во носењето исправни финансиски одлуки. Преку учењето со „Верверичката“ децата развиваат чувство за одговорност, независност и за процена на вредноста на парите, со што се подготвуваат за идните финансиски одлуки и предизвици.

    „Верверичката“ е најомилен, највесел и најактивен член на семејството на Комерцијална банка која зад себе има децении на постоење. Горди сме на нејзиниот придонес во целиот овој период, во кој секоја година подарува штедни книшки со депозит на бебиња што се раѓаат на 31 октомври, а со неа имаат израснато или сѐ уште растат уште голем број деца во земјава.

    Од пред две години има нов изглед, а доби и своја дигитална верзија која започна да шета по училниците низ земјава, а може често да ја сретнете и на социјалните мрежи. Децата ги учи, а и нивните родители ги потсетува дека штедењето е добра навика која треба да почне да се гради од денеска и да важи за цел живот.

    Сакам да истакнам дека социјалните платформи се најновиот терен на „Верверичката“, но веројатно и најзначајниот затоа што таму се троши најголем дел од слободното време на децата. Затоа „Верверичката“ и доби поголем обем на задачи и поширок спектар на едукативни активности со цел децата преку дигиталните уреди да стекнат и знаење, а не само да ги користат за игра и забава. Дигитализацијата всушност сама по себе бара и исклучително ниво на финансиска писменост за секој да може да се снаоѓа во дигиталниот свет на најефикасен и најбезбеден начин.

    Финансиската писменост би требало да им помогне на граѓаните и да носат исправни финансиски одлуки со цел, на пример, да ја избегнат замката на презадолжување, да одберат вистински финансиски производ што навистина им треба. Што прави Комерцијална банка за да им помогне на своите комитенти, пред сѐ граѓаните да носат исправни финансиски одлуки?

    Да се направи вистински избор во услови на бројни финансиски можности навистина е предизвик за секого. Тргнувајќи од мотото „Полесно е заедно“, Комерцијална банка им нуди на клиентите информации, знаење и стручна помош за да направат вистински избор пред да донесат исправна финансиска одлука.

    Веб-страницата kb.mk ги нуди сите потребни информации за производите и услугите на Банката, а им нуди и иновативни дигитални алатки, како што се кредитни и штедни калкулатори кои се многу корисни за секој да го процени својот финансиски капацитет пред да преземе финансиски обврски.

    И секако тука е нашата „Финансиска училница“, општествено одговорен проект инициран во 2019 година, со кој особено се гордееме затоа што финансиски ги едуцира и децата и возрасните. „Финансиската училница“ досега има работено со околу 1.200 ученици во основни и средни училишта, како и со стотина студенти. Активна беше дури и за време на Ковид пандемијата со одржување онлајн предавања. „Финансиската училница“ ги учи децата за улогата на парите и за значењето на штедењето како корисна навика за цел живот, како и за правилно користење на финансиските продукти и избегнување на потенцијалните ризици.

     

    Финансиските вештини и писменост на граѓаните особено се потребни во услови како актуелните. Во изминатите години се случија изразени нагорни трендови кај инфлацијата и каматните стапки. Како финансиската писменост во вакви услови може да ја подобри способноста на еден човек да заштеди пари и да инвестира во својата иднина?

    Штедењето е навика на која можеби ѝ треба време да се усвои, но поради погодностите и удобностите што ги носи потоа останува да постои на долг рок, дури и во отсуство на изразена финансиска писменост. Но, важноста на финансиската писменост доаѓа до израз токму во вакви услови на динамични промени во светот на финансиите.

    Со финансиско знаење луѓето во секое време може да донесат ефикасни одлуки за да ги заштитат своите заштеди, да инвестираат мудро на долг рок, ефикасно да управуваат со долгот и да ги искористат можностите што ги носат променливите економски услови. На тој начин може да си обезбедат стабилна финансиска иднина и во нестабилни економски услови.

    Финансиската писменост им помага на луѓето да управуваат со нивните секојдневни буџети на начин кој дава приоритет на штедењето за иднината, дури и кога трошоците за живот се зголемуваат. Тие ја разбираат важноста да имаат пари за итни случаи и затоа внимателно носат одлуки за трошење и продолжуваат да штедат и покрај економските притисоци.

     

    Живееме во време на големи технолошки иновации во финансиската област, се поголема примена на вештачката интелигенција, на многу нови софистицирани финансиски производи. Комерцијална банка го следи тој тренд. Покрај финансиски, неопходни се дигитални вештини. Како граѓаните да бидат во чекор со сето тоа и што може банките да направат за да им помогнат?

    Банките им помагаат на граѓаните, пред сѐ, со тоа што им нудат дигитални производи и услуги кои значат поедноставно и порелаксирано секојдневие. Удобноста и заштедата на време и пари се луксуз што може да си го дозволи секој што ќе реши да ги искористи предностите и бенефитите на дигиталното банкарство. Дигиталните банкарски услуги се едноставни и ефикасни постапки и секој што еднаш ги применил не се враќа веќе на шалтер.

    Комерцијална банка како лидер во сферата на дигиталните иновации, постојано ја збогатува палетата на дигитални финансиски производи и услуги кои за клиентите значат врвно корисничко искуство. Со воведувањето на секој дигитален новитет клиентите на Комерцијална банка добиваат едноставно и прегледно корисничко упатство кое ги запознава со новата можност и на едноставен начин ги води низ постапката за активирање или користење на одреден производ или услуга. Овие упатства се достапни на веб-страницата на Банката, а ги споделуваме и преку социјалните мрежи.

    Притоа, клиентите добиваат и беспрекорна заштита на нивните лични и финансиски податоци затоа што дигиталните услуги на Комерцијална банка користат највисоко ниво на безбедносни стандарди и двофакторска автентификација. Ова е особено важно во сферата на дигиталните финансиски трансакции бидејќи значи максимална грижа за заштита на клиентите од евентуални измами и злоупотреби.

    На овој начин, врз основа на корисни информации и со практична примена на безбедни дигитални производи и услуги, клиентите стекнуваат финансиски и дигитални вештини кои за нив навистина значат огромно олеснување во трката за завршување на сите обврски. Дигиталните финансиски трансакции значат прегледни, средени и одговорни лични финансии 24/7 и затоа постојано и преку различни форми и канали ги доближуваме до нашите клиенти, чие корисничко задоволство ни претставува врвен приоритет.

    Деновиве сме сведоци на класични пирамидални шеми во кои многу наши граѓани се измамени. Исто така, граѓаните често се жалат на злоупотребени картички. Зошто се повторуваат вакви состојби, дали станува збор за недостиг на финансиска писменост кај луѓето или пак преовладува желбата за „лесни пари“?

    Дигиталната писменост, како понов тренд, практично не може да функционира без финансиска писменост. Секој што не е финансиски писмен е изложен на преголеми ризици во дигиталниот свет во кој се движи или ќе се движи. Ова не важи само за повозрасните граѓани, туку и за младите затоа што личните финансии се, пред сѐ, лична одговорност.

    Денес, дури и децата од многу рана возраст добиваат можност да ја користат картичката на својот родител за онлајн купување игри што ги наоѓаат на Интернет. Тоа значи дека овие деца мора да имаат познавања за улогата на парите, прво за да знаат колку пари трошат, а второ за што ги трошат. Штедењето и финансиската писменост им помагаат на децата да изградат и критички однос кон претераниот конзумеризам. Како што оди возраста нагоре, така и изложеноста на децата на онлајн финансиски трансакции е поголема. Средношколците и студентите веќе и заработуваат пари благодарение на нивното дигитално знаење и на присутноста на социјалните платформи.

    Финансиски писмените граѓани знаат како да ги заштитат своите лични и финансиски информации додека се присутни на онлајн платформите. Тие многу вешто ги препознаваат предупредувачките знаци кај одредени веб-страници кои упатуваат на потенцијална измама. Знаат дека банката никогаш од нив преку имеил, Вибер или СМС порака нема да побара чувствителни информации, како што се број на сметка или картичка, пасворд, пин или CVC код. Редовно, по неколку пати во ден, на својот мобилен телефон ја проверуваат состојбата на својата платежна сметка и ги читаат сите известувања што ги добиваат од нивната банка. Препознаваат кога нешто е „премногу добро или евтино за да биде вистинито“. И веднаш реагираат кога ќе се посомневаат во некаква трансакција. Ова им помага да се заштитат од измами и злоупотреби на нивните лични финансии.

    Финансиското описменување е процес во постојано движење и затоа во Комерцијална банка сметаме дека придонесот за поголемо ниво на финансиска писменост претставува наша корпоративна обврска и одговорност. Во оваа филантропска мисија со големо задоволство и изразена подготвеност се вклучени бројни вработени во Банката, кои секојдневно комуницираат, ги информираат и едуцираат клиентите за користа што ја добиваат од нашите производи и услуги, но и за нивните одговорности и обврски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично