ПОВЕЌЕ

    ПЕТРОВА: НИТУ ЕДНА КОМПАНИЈА ДОСЕГА НЕ Е ПРОТИВ ВОВЕДУВАЊЕ НА „Е – ФАКТУРА“

    Време зa читање: 3 минути

    Остануваат 14 месеци до потполно воведување на „Е – Фактура“, најави првиот човек на Управата за јавни приходи Елена Петрова во гостувањето во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Според неа, во текот на 2025 година ќе се завршат сите технички работи, тестирања на софтверот и хардверот и прилагодувања на законите, по што на 1. јануари 2026 година овој документ ќе биде потполно оперативен и во употреба. Петрова вели дека „Е – Фактура“ ќе ја намали сивата економија и ќе овозможи поголема контрола на прометот во државава. додаде и дека УЈП но и државава се врзани со рокови кон меѓународни институции за воведување на овој документ.

    „Има ли отпор од дел од компаниите за воведување на е-фактура бидејќи основната идеја што се форсира сега дека со воведувањето на е-фактурата ќе се намали сивата економија односно компаниите тешко ќе може да фаќаат кривини со своите обврски кон државата. значи ќе мора да платат се кон мајка Македонија, така што чувствувате ли дека има отпор од некои компании?

    – Од сите средби со компании, не само овие ИТ компании кои работат на изградба на софтвери, туку до даночни обврзници баш постојано се поставува прашањето кога ќе се воведе, кога ќе почнеме со е-фактура. Напротив, позитивно е расположението во однос на воведување на е-фактура. Е сега можеби има некои компании кои не се задоволни што ќе се воведе такво решение, но тие не дошле да кажат гласно дека се противат.

    – Навистина ли очекувате дека ќе се намали сивата економија? Кои се проценките, за колку ќе се подобри наплатата на даноците?

    – Сигурна сум дека ќе има намалување на она што е прикривање на промет, бидејќи овој систем за е-фактура има можност за поврзување и со Царинската управа и следење на прометот што ќе влегува како увоз, ќе имаме следење на прометот што излегува надвор од земјата. Значи овој систем ќе овозможи следење на целокупниот промет во земјата. Ќе има и други бенефити системот, на пример што ќе може понатаму да се надградуваат како функционалности, на пример поврзување со банките во поглед на плаќањето, банките да ги повлекуваат само податоците за фактурата да може да се реализира плаќањето во смисла на подготовката на оние налози за плаќање. Мислам дека системот навистина ќе ги стесни можностите за избегнување на пријавувањето на прометот.  …“

    Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.

    Премиерите на епизодите се секој четврток во 12.00 часот точно на пладне, додека потоа може да не гледате кога и да посакате.

    Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично