Во ера на вештачка интелигенција и дигитализација, во една од централните институции без кои нема да може да функционира државата, даночната управа (УЈП), добар дел од работењето се уште е мануелно. Според првиот човек на Управата за јавни приходи Елена Петрова која гостува во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ има случаи кога потполно иста мануелна работа се повторува на неколку места во Управата, со што се остава простор за ненамерни, но и намерни човекови грешки. Затоа, според неа еден од приоритетите ќе биде дигитализација на работењето на Управата и дека никаков отпор на вработените нема да ја спречи во оваа намера.
Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.
Премиерите на епизодите се секој четврток во 12.00 часот точно на пладне, додека потоа може да не гледате кога и да посакате.
Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.
„Зборуваме за основна работа во 2024 та, 21-ви век, за …. на процеси, Во време на дигитална ера, каде одиме со чекори на развивање на ВИ којашто почнува да ни помага за работата, ние зборуваме за автоматизирање на процеси.
– Така, тоа е вистината. Значи во УЈП се работи со фрагментирани системи, … податоците се фрагментирани по различни системи. Има голем број работни процеси што уште течат мануелно, но затоа сега еве сме во завршна фаза на програма за дигитализација и час поскоро ќе започнеме со тој еден процес на дигитализација и автоматизација на работните процеси…“
Има некој софтвер што треба да направи автоматизација на мал дел од процесите, работните процеси за пребивање коишто со години, 7-8 години е изготвен, а не е ставен во функција. Значи постои некој внатрешен отпор да се премине од рачното работење на автоматско работење и тука нема една здрава одлука која што ќе пресече, ќе каже дека тоа мора да функционира така, туку постојано се одлага имплементацијата на еден таков систем.