ПОВЕЌЕ

    ГРЦИЈА ГИ АПСИ ПИРОМАНИТЕ КОИ ЛЕТОВО ПОДМЕТНУВАА ПОЖАРИ: Во Атина притворени мајка и син, на Пелопонез 44-годишна жена

    Време зa читање: 3 минути

    Педесетгодишната жителка на атинското предградие Неа Макри и нејзиниот малолетен син од 17 години се обвинети за серија подметнати пожари во Неа Макри кои пред еден месец опустошија стотици хектари вегетација, уништија повеќе домови и предизвикаа огромна материјална штета. Двајцата, откако ја признаа вината, се однесени во истражен затвор за обвинение за предизвикани вкупно шест пожари и два обиди за подметнување пожари на подрачјето на Неа Макри.

    Шеесет и едногодишниот лекар ортопедски хирург, партнер на обвинетата, со која живеел, заедно со нејзиниот син, кој беше уапсен по истото обвинение е пуштен без рестриктивни услови.

    Во информацијата од Противпожарната служба се наведува дека пожарот избувнал во периодот од 03.00 до 04.00 часот изутрината, а последниот пожар се случил минатата недела.

    Обвинетите се обвинети за шест пожари и два обиди за подметнување пожари во Неа Макри, од мај лани до 1 септември годинава откако претходно имале расправии со нивните соседи во Неа Макри.

    Претходно грчките власти разоткриле уште еден бизарен случај на подметнување пожари, кои во неколку наврати се случувале во близина на градот Триполи во централниот дел на Пелопонез во Грција, кога 44-годишна Гркинка призна дека ги запалила затоа што „уживала да ги гледа пожарникарите и да флертува со нив“. Жената е уапсена пред два дена затоа што намерно и повеќе пати подметнувала пожари. Ова резултираше со два шумски пожари.

    ЗАТВОР И ДО 20 ГОДИНИ ЗА НАМЕРНО ПАЛЕЊЕ ПОЖАР

    По завршената истрага, на 44-годишната пироманка ѝ е изречена  затворска казна од 36 месеци плус 1.000 евра парична казна.

    Минатиот месец 66-годишен жител на Атина е уапсен за намерно предизвикување на дури четири пожари, во периодот од 8 и 9 јуни во атинското предградие Вари, додека на 33-годишен маж му е одредена мерка притвор откако беше уапсен во исто време за предизвикување пожар со умисла една недела претходно.

    Во јули биле уапсени уште тројца мажи кои се обвинети дека го предизвикале пожарот во централна Грција, кој бил во близина на населено место, додека работеле на отворено во полето. Надлежниот Министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, Василис Кикилијас потсети дека новиот кривичен законик на Република Грција палењето пожари ги карактеризира исклучиво како кривично дело за кое се предвидуваат затворски казни до десет години за предизвикување пожар од небрежност, а до 20 години за палење пожар со умисла.

    (Фото: Ангелос Цорцинис, АФП)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично