По успешното функционирање на првиот ресторан во центарот на Скопје (спроти Соборен храм), Gyro House продолжува да го шири својот бренд и да ги освојува срцата на љубителите на добрата храна низ градот. Од 2 септември 2024 година, жителите на Карпош и околните населби ќе можат да уживаат во автентичниот вкус на Gyro House во новиот ресторан сместен во ТЦ Лептокарија.
Gyro House започна со своето гастрономско патешествие во 2022 година, со отворањето на првиот ресторан во срцето на Скопје. Брзо стана препознатлив бренд по својот исклучителен квалитет на храна и топлата, пријатна атмосфера. Фокусирани на свежи состојки и оригинални рецепти, со одлични и интерeсни маркетинг комуникации Gyro House успеа да изгради лојална база на клиенти кои се враќаат повторно и повторно за нивниот омилен гиро оброк.
Со отворањето на вториот ресторан во ТЦ Лептокарија, Карпош, тимот на Gyro House го докажува својот стремеж за проширување и подобрување на искуствата на своите гости. Новата локација нуди модерен и простраен амбиент, идеален за семејства, млади и сите кои сакаат да се релаксираат со одлична храна во пријатен простор!
Кристијан Угриновски, извршниот директор на Gyro House и Групацијата Форб, истакнува: „Gyro House започна како мал стартап со големи амбиции. Денес, горди сме што го претворивме нашиот бренд во ланец на ресторани кој е омилен меѓу повеќе од 200.000 клиенти. Со отворањето на новата локација во Карпош, очекуваме оваа бројка да порасне на 300.000 клиенти во првата година. Нашиот успех е резултат на посветеноста на тимот и поддршката од нашите верни клиенти. Ова е само почеток – Gyro House и Групацијата Форб, која опфаќа и други сектори како градежништво, управување со имот и инвестиции, ќе продолжат да растат и да донесуваат иновации во секој аспект од нашата работа.“
Со две стратешки локации во Скопје, Gyro House има амбициозна визија за раст и понатамошно проширување, со планови да ја донесе својата уникатна гастрономска понуда на уште повеќе места во Скопје, а и подалеку. Тимот на Gyro House продолжува да создава врвни кулинарски искуства, секогаш ставајќи го квалитетот и вкусот на прво место.
Gyro House – местото каде што квалитетот и вкусот секогаш се во центарот на вниманието!
ПР Објава