Во три работни дена – 4.105 акции во нетрговските трансфери. Освен 64 кои се приоритетни, сите други се обични, а издадени се од десет компании и три банки. Најраздвижено било на почетокот од неделата, кога е извршен пренос на 3.581 акција.
Најбројни се подарените или наследени акции, 1.489 на „Македонски телеком“. Трансферирани се на двапати. Во понеделникот 1.289, па во четвртокот уште 200 обични акции.
Во податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност што ги објавува Македонска берза е заведено дека во два наврати е извршен пренос на акциите од „Гранит“ – 540 и 176, или вкупно 716. Исто така и 130 акции на „Окта“: понеделник 62 обични акции, а во четврток 68 обични акции. Се повторуваат и преносите на банкарските акции. Од Комерцијална банка АД Скопје прво пет, па уште 10 обични акции.
А, од Стопанска банка АД Скопје во ист ден имало нетрговски пренос на 500 обични и на 64 приоритетни акции.
Во овие трансфери често ги има акциите на „Макстил“, овојпат 418, на „Либерти“ – 389, како и на „АрцелорМиттал“ (ХРМ) – 233 обични акции.
Исто така, редовно се застапеи и акциите на „Алкалоид“. Минатата недела сопственоста е променета кај 70 обични акции.
Во овие трансфери забележани се 45 обични акции на Фабрика „Карпош“ АД Скопје, 13 на „Уготур“, 12 на РЖ „Интер-Трансшпед“ и 11 обични акции на ТТК банка.