ПОВЕЌЕ

    „Современ дом“ АД Прилеп со позитивен финансиски резултат, но намален за 18%

    Време зa читање: 2 минути

    „Современ дом“ АД Прилеп во периодот од 01.01 до 30.06.2024 година оствари позитивен финански резултат во износ од 8.050.000 денари (130.599 евра) и споредбено со истиот период од минатата година е намален за 18 отсто.

    Компанијата, која е акционерско друштво за издавање и управување со сопствен недвижен имот или со недвижен имот земен под закуп, оствари вкупни приходи од 52.123.000 денари или 845.618 евра кои се намалени за околу 25 отсто во однос на истиот период во 2023 година. Во овој период вкупните расходи изнесуваат 44.073.000 денар или 715.019 евра и истите се намалени за околу 27 отсто во однос на истиот период во 2023 година.

    Исплатени дивиденди со Одлука на Собрание на акционери на Современ дом АД Прилеп од 15.05.2024 година, нето добивката во износ од 20.654.920 денари (335.095 евра) и целосно е распределена за задржана добивка за инвестициски вложување.

    „Современ дом“ АД Прилеп и во 2024 година планира да го задржи трендот на остварување на позитивен финансиски резултат со целосна определба на зголемување на обемот на работата. И покрај потешкотии во наплатата на побарувањата од купувачи предизвикани од влошените макроекономски услови, зголемена инфлација и зголемени трошоци по камати, Друштвото одржуваше оптимална ликвидност и навремено ги сервисираше тековните обврски кон добавувачите, банките и државата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично