ПОВЕЌЕ

    ГОРИ ДАЛМАЦИЈА: Хрватските пожарникари се борат со огнената стихија под Биоково, кај Скрадин и Смоковиќ

    Време зa читање: 3 минути

    Хрватска се бори со неколку пожари во својот приморски дел, од кои пожарите на падините на планината Биоково во близина на летувалиштето Тучепи, во подрачјето на Скрадин во близина на Шибеник и кај Смоковиќ во близина на Задар се најсериозни и утринава се уште активни. Според податоците од Хрватската Ватрогасна Заедница, за само 24 часа имало 133 противпожарни интервенции во кои учествувале 233 противпожарни организации со вкупно 1134 пожарникари, 346 противпожарни возила и 20 противпожарни авиони.

    Пожарот што во вторникот вечерта избувна во Горњи Тучепи се уште не е ставен под контрола, но куќите се одбранети, а на локацијата во средата полетаа две канадера за да им помогнат на пожарникарите на терен, јавуваат хрватските медиуми.

    Во средата наутро 237 пожарникари се уште се борат со пожарот што избувна на отворен простор во Горњи Тучепи, во месноста Човиќи, кој се прошири кон паркот на природата Биоково.

    Од пожарникарите се дознава дека во средата рано наутро два авиона-канадери полетале за да им помогнат на своите колеги во гаснењето на пожарот.

    Покрај 237 пожарникари од целата Сплитско-далматинска жупанија, на терен се и 55 противпожарни возила.

    Пожарот во Горњи Тучепи избувнал во вторникот нешто по 20 часот, пожарот зафати макија, ниска вегетација и борова шума, брзо се проширил и се протега на четири километри од градот Човиќи до Шимиќ.

    Мештаните велат дека цела ноќ се слушале силни детонации долж огнената област, а Горан Бушелиќ од ДВД Тучепи за радио Хрватски изјави дека станува збор за „експлозии од плински боци од стари возила кои се напуштени“.

    ЗАТВОРЕНИ ПАТИШТА

    Жителите цела ноќ ја минаа на терен со пожарникарите, ги полеваа куќите со вода исплашени за својот имот, а според првичните информации во пожарот изгореле дрва маслини и неколку возила, јавуваат локалните медиуми.

    Поради пожарот во Тучепи, затворени се патиштата од Вргорац кон Макарска и тој кон Подгора, поради што сообраќајот се одвива во заобиколен пат.

    Во текот на вечерта, главниот командант на пожарникарите Славко Туцаковиќ потврдил дека ситуацијата на пожарот е „напната“ бидејќи силниот ветер што дувал цела ноќ го носел огнот и дополнително го ширел.

    Пожарникарите синоќа евакуирале дел од жителите и бранеле куќа по куќа.

    Според локалните медиуми, градоначалникот на Тучепи, Анте Чобрниќ синоќа се нашол во огнен прстен кога се обидел со автомобил да стигне до Човиќ. Тој раскажал дека едвај излегол жив од огнениот прстен и дека возилото му било целосно изгорено.

    (Фото: Хрватска Ватрогасна Заједница)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично