ПОВЕЌЕ

    Во три работни дена четири нетрговски трансфери со 458 акции

    Време зa читање: < 1 минутa

    Само 458 акции се забележани во текот на минатата седмица. Толку за три работни дена, во кои сопственоста е пренесена во вид на подарок, наследство или за друга со закон овозможена потреба, на хартиите од вредност издадени од четири компании.

    Минатиот понеделник, а потоа и во четвртокот, е извршен по еден нетрговски пренос. Во првиот се работи за 15 обични акции на скопската рафинерија „Окта“. А, во вториот, за обичните акции емитувани од „Гранит“ АД Скопје – 63 на број.

    Помеѓу се двата трансфери евидентирани во средата. На „Тетекс“ АД Тетово – 15 обични акции. И, на „Алкалоид“ АД Скопје, чии 365 обични акции се најбројни во минатонеделната тура нетрговски трансфери, покажуваат податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност, што ги објавува Македонска берза.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично