ПОВЕЌЕ

    Од 530 станови – 169 се градат во скопски Центар

    Време зa читање: 2 минути

    Градежната експанзија продолжува. Ќе има нови згради со 530 станови и со вкупна корисна површина од 44.252 метри квадратни. Ќе се поднови Скопскиот регион, најмногу Општина Центар. Конкретно, од 217 станови и 14.734 метри квадратни, 169 или 10.918 квадрати се во Центар.

    Во јуни се издадени 242 одобренија за градење, со предвидена вредност на објектите од 5.106.868 илјади денари, односно 82,9 милиони евра. Споредено со состојбата од пред една година, кај бројот на дозволите има намалување од 12,6 проценти, додека вредноста е поголема за 38,4 насто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

    Од вкупниот број издадени дозволи 115 или 47,5 отсто се наменети за објекти од високоградба, 66 (27,3%) за нискоградби и 61 (25,2%) за реконструкција. Притоа, кај 117 (48,3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 125 (51,7%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

    Во Скопскиот регион се издадени 75 одобренија за градба – 31 на физички лица, а 44 на фирми, кои ќе инвестираат 1.603.401 илјади денари или 26 милиони евра. Само за Центар се однесуваат 34 од дозволите.

    Понатаму, во Вардарскиот регион се доделени 12 дозволи, во Источниот 45, во Југозападниот – 17, во Југоисточниот – 30, во Пелагонискиот – 22, во Полошкиот – 35 и во Североисточниот шест одобренија.

    Според бројот на становите, пак, по два ќе се градат во Вардарскиот и во Североисточниот регион. Во Источниот ќе има 38 нови станови со површина од 3.295 квадратни метри. Во Југозападниот се предвидени 60 со вкупна повшина од 6.326 квадрати, каде што предничи Дебар. Таму ќе се изградат 44 станови кои опфаќаат 4.629 метри квадратни. Од 115 станови и површина од 8.648 квадрати во Југоисточниот реон, само во Струмица ќе има 101 нов стан (7.619 квадрати). Во Пелагонискиот регион, според одобренијата, на површина од 4.811 метри квадратни ќе се изградат 67 станови, од кои 65 во Битола (4.638 квадрати). Во Полошко се работи за 29 станови и квадратура од 5.921.

    новинар:

    Маја Анастасова

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично