Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид ја посети фабриката „Костал Македонија”, дел од германската групација „КОСТАЛ” за производство на делови и компoненти за автомобилската индустрија.
За време на посетата претседателот Пендаровски беше запознаен со производствените капацитети, со актуелните проекти, идните бизнис насоки и инвестициски проекции на компанијата.
Во разговорот со генералниот директор на „Костал Македонија”, Виктор Мизо, претседателот беше информиран дека низ технолошки развиен, напреден и високо софистициран процес фабриката произведува и делови коишто се вградуваат во најмодерните електрични и хибридни возила.
Претседателот Пендаровски беше запознаен дека компанијата придонесува и на домашен план, поттикнувајќи личен развој и задржување на младите и стручни кадри во земјата. Претседателот Пендаровски разговараше и со млади инженери кои посетуваат тренинг во „Костал Македонија”.