ПОВЕЌЕ

    ИНФЛАЦИЈАТА НЕ МИРУВА НА КОСОВО, ЦЕНИТЕ ПЛАФОН: Еве што пресмета агенцијата за статистика

    Време зa читање: < 1 минутa

    Агенцијата за статистика на Косово (АСК) објави дека инфлацијата во јуни била за 1,4 проценти повисока од мај 2022 година, додека годишната стапка на инфлација измерена во јуни 2022 година во однос на јуни 2021 година била 14,1 проценти.

    Хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (ХИПЦ) покажа дека инфлацијата настанала поради порастот на потрошувачките цени на лебот и житариците (1,1%), месото (1,4%), овошјето (3%), па сè до порастот на цената на огревното дрво и пелетите кои поскапеле за 6 проценти.

    Најмногу поскапеле горивата и мазива за лични превозни средства, за повеќе од 15,4 отсто, а превозните услуги се поскапи за шест отсто.

    Споредено со истиот период лани, на инфлацијата од 14,1 отсто влијаеле поскапувањата на лебот и житариците (27,7), месото (19,6), млекото, сирењето и јајцата (22,3), маслото за јадење и мастите (дури 53,8 отсто), чоколадото и слатките (19 отсто), како и кафето, чајот и какаото, кои поскапеа за речиси 18 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично