ПОВЕЌЕ

    Промени во Управниот одбор на Македонија Осигурување Скопје – Виена Иншуренс груп

    Време зa читање: < 1 минутa

     

    Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс груп изврши промена на член на органот на управување, информираат од таму преку Македонската Берза.

    -Поради исполнување на услови за старосна пензија мандатот на Ристо Секуловски, член на управниот одбор на Друштвото, престана на ден 30.06.2022.

    Поради престанок на мандатот на Секуловски, Надзорниот одбор на Друштвото пристапи кон избор на нов член на Управниот одбор, при што за член на одборот е избрана Татјана Димов.

    Мандатот на Димов започнува по добивање на соодветна согласност од страна на Агенција за супервизија на осигурување и по уписот на предметната промена во Трговскиот регистар што се води при Централниот Регистар, информираат од компанијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично