Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата – Овластено лице за спречување на перење пари и финансирање тероризам
Одговорности и задачи:
- Следење на прописите и најдобрата пракса во смисла на усогласеност на работењето со позитивните законски прописи и следење на новините во прописите и меѓународните стандарди за спречување перење пари и финансирање на тероризмот;
- Советување на органите на управување за мерките коишто треба да бидат преземени заради почитување на прописите од областа на спречувањето на перењето пари и финансирањето на тероризмот, вклучувајќи и следење на сите измени и дополнувања на овие прописи;
- Воспоставување и унапредување на процедурите и постапките предвидени во Програмата за преземање на мерки и дејствија за откривање и спречување перење пари и финансирање на тероризам ;
- Имплементација на ефективна контрола за да се обезбеди потполна усогласеност со меѓународните и локалните прописи, како и со интерните процедури и политики на Банката;
- Документирање на своето работење и доставување на редовни извештаи до Управниот одбор и Надзорниот одбор на Банката;
- Анализа на ризиците од перење пари и финансирање на тероризмот согласно интерните акти, вклучувајки ги и сите критериуми за ризично профилирање;
- Прибирање на сите невообичаени трансакции доставени од разните организациски делови во Банката, анализа, писмени извештаи и одлучување дали тие трансакции имаат карактеристики на сомнителна трансакција, односно донесување на одлука за нивно (не)пријавување во Управата за финансиско разузнавање;
- Комуникација со УФР.
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома
- Пожелно е 4-5 годишно работно искуство
- Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
- Силна етика
- Напредно познавање на Office пакетот